Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје лого

Самостоен Референт за прием во осигурување

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје:

Соработник за продажба

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Севрна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за  професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

                                     Референт за прием во осигурување во Генерална дирекција

  • Основни работни обврски

Референтот за прием во осигурување врши истражување на пазарот на осигурување, учествува во утврдувањето на ризици при прием во осигурување, учествува во изработка на Услови и Тарифи за осигурување како и промена на постоечките, изготвува понуди за осигурување  и врши посета на клиенти, дава поддршка и ја обучува агентската мрежа во однос на осигурувањето, врши анализи и предлага мерки за подобрување на техничките резултати, врши други активности за развој на осигурувањето во Друштвото.

  • Потребни квалификации и карактеристики:

            Универзитетска диплома;

            Најмалку 5 години работно искуство во осигурување;

            Добро познавање на деловната осигурителна политика во Р. Северна Македонија;

            Познавањето на англиски јазик е задолжително додека познавањето на турски и/или албански јазик ќе се смета за предност;

            Ориентираност кон клиенти;

            Одлични комуникациски вештини;

            Усогласеност со законската и интерна регулатива и почитување на рокови;

            Способност за тимска работа;

           Оринтираност кон критично размислување и решавање на проблеми.

Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Референт за прием во осигурување”.

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото. 

Напомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »