FARMER BOY лого

Оператор за продажба на свеж зеленчук и овошје

  • Објавен пред 6 часа
  • FARMER BOY
  • Активен до 09.07.2025
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Скопје
  • Веб: www.farmerboy.mk
  • Facebook: линк
  • Instagram: farmerboy.mk

(преземи го огласот како слика)

Придружи се на тимот на Farmer Boy – каде свежината, квалитетот, грижата кон клиентите  и тимската работа се на прво место!

Кај нас, клиентите градат доверба и уживаат во услуга со насмевка. Нашиот тим е клучот на нашата приказна. Во потрага сме по Оператор за продажба – личност која ќе споделува иста страст за свежа квалитетна храна и извонредна услуга.

Минимални квалификации:

  • Завршено најмалку средно образование
  • Работно искуство на иста или слична позиција
  • Познавање на овошје и зеленчук, нивно подредување и изложување
  • Основно познавање на англиски јазик

Кој е идеалниот кандидат?

  • Креативна, динамична личност со изострено чувство за естетика при изложување на производи
  • Има “око” за разлика помеѓу добро и лошо презентирање, со разбирање за различните вкусови на купувачите
  • Сака да слуша и разбере што навистина сака клиентот
  • Позитивна, комуникативна и одговорна личност
  • Тимски играч со високо ниво на лојалност, флексибилност и енергија

🛒 Кои ќе бидат твоите одговорности?

  • Организирање и преземање на нарачки
  • Изложување, подредување и освежување на производите
  • Активна продажба и комуникација со купувачите
  • Наплата и завршување на фискален ден/смена
  • Водење евиденција за безбедност на храна и преработки
  • Одговорност за ред и хигиена во продажниот објект
  • Учествување во редовни пописи
  • Работа во две смени

Што нудиме?

  • Почетна бруто плата: 44.712 денари или по договор зависно од искуството
  • Работа во две смени (07:00-14:00 / 14:00-20:00), од понеделник до сабота
  • Дневни бонуси за постигнати таргети
  • Дополнителна исплата за работа на државни празници согласно закон
  • Пријатна работна атмосфера и тимска поддршка
  • Можност за личен и професионален развој

📩 Аплицирај и стани дел од приказната на Farmer Boy

Ако се пронаоѓаш во оваа улога и сакаш да работиш со свежи производи и насмеани луѓе – сакаме да те запознаеме!

Испрати твоја апликација (CV) на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »