
За компанијата: Max Optika е еден од најголемите оптички синџири во регионот со над 15 годишно искуство, сертифицирана продавница на најпознатите меѓународни брендови како Gucci, Maybach, Tom Ford, Versace, Dolce & Gabbana,...
повеќе за компанијата »Позиција: Продажен асистент
Тип на работа: Полно работно време
Локација: Скопје
Компанија: Макс Oптика
За нас
Максоптика е водечки ланец на оптики со долгогодишно искуство и силна репутација во обезбедување на квалитетна услуга и производи. Нашата мисија е да овозможиме врвно корисничко искуство и професионална грижа за видот. Поради проширување на работата, сме во потрага по нови членови на нашиот продажен тим.
Опис на работната позиција
Како Продажен асистент, ќе бидете одговорни за сите продажни активности – од првиот контакт со клиентот, па сè до завршување на продажбата и услугата по продажбата. Ќе соработувате со тимот и менаџментот со цел обезбедување на највисоко ниво на корисничка услуга.
Главни одговорности:
- Услужување и консултација со клиенти
- Стекнување технички знаења за производите со цел професионална презентација
- Комуникација со менаџерот на продавница за спроведување на месечните цели
- Имплементација на маркетинг активности во продавницата
- Точно водење евиденција за барања и нарачки од клиенти
- Почитување на компаниcки политики, процедури и кодекс на етика
Профил на кандидатот:
- Со работно искуство (искуство во оптика е предност)
- Добри комуникациски вештини и проактивен пристап
- Основно познавање на работа со компјутери (MS Office)
- Познавање на англиски и/или албански јазик (ќе се смета за предност)
Нудиме:
- Конкурентна плата + бонуси според остварени резултати
- Модерни услови за работа
- Пријатна и динамична работна атмосфера
- Обезбедено почетно обучување
- Попусти за вработените
- Можност за напредок, професионално усовршување и редовни обуки
Како да аплицирате:
Испратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот]
⏳ Краен рок за аплицирање: 31 август 2025 година
Само кандидатите кои одговараат на позицијата ќе бидат контактирани.
Ако сте личност кој сака работа со луѓе и сте подготвени за нов предизвик, станете дел од нашето семејство – аплицирајте уште денес!

Слични огласи »