Промовирани огласи »

Универзална сала треба да ги отвори вратите кон крајот на 2027 година, обезбедени 20 милиони евра за нејзина повторна изградба

За изградбата на Универзална сала обезбедени се 20 милиони евра и се очекува нејзино отворање до крајот на 2027 година, изјави денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Изградбата на Универзална сала ќе биде во една фаза, за тоа се обезбедени се 20 милиони евра и се очекува нејзино отворање до крајот на 2027 година, изјави денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, одговарајќи на новинарски прашања при посета на локалитетот Скупи.

Како што најавив уште на почетокот на моето министерување, некаде околу средината на јули лани кога ја имав првата изјава во однос на Универзална сала, кажав нема да го ставам мојот потпис се додека не беше ситуацијата таму чиста. Во овој период добив насоки од Влада значи побаравме мислења како треба да постапиме за да можеме да ги расчистиме сите правни недоследности, а верувајте ги имаше многу. И мислам дека резултираше на крај со една кривична пријава на претходната министерка. Сега сите работи се расчистени и го распишавме тендерот со тоа што овојпат нема да биде во две фази, или во три фази како што беше претходно. Универзална сала ќе биде во една фаза, а тоа е клуч на рака, истакна Љутков.

Тој појасни дека во претходниот проект не биле опфатени ниту последиците од опожарувањето, ниту бил опфатен ентериерот и партерното уредување.

Сега она што беше побарано и од Град Скопје да се исклучат комплетно од целиот овој процес, целиот товар да падне врз Министерство за култура и туризам, тоа го направивме, во соработка со Град Скопје, со Министерството за транспорт и во соработка со Општина Центар. Сите работи ги расчистивме се усогласивме законски и ја распишавме повеќегодишната јавна набавка. Што значи дека ќе биде финансирана некаде од 15 септември, ако биде се во ред со јавната набавка ќе почнеме со градба и ќе биде финансирана 2025, 2026, 2027 треба да заврши до крајот на годината и ќе останат уште одредени средства коишто ќе треба да се исплатат во 2028 година. Отворањето би требало да биде кон крајот на 2027, во зависност од динамиката на изведувачите, објасни Љутков.

Рече дека е помината и одлуката на Влада и обезбедени се средства во износ од околу 20 милиони евра до крајот на 2027 година.

Сите комплетно инеренции ги имаме преземено. Значи Министерство за култура и туризам сега е директно одговорно за изградбата на Универзала сала, додаде министерот.

Тагови: Влада на РСМ Универзална сала Зоран Љутков

Промовирани огласи »

10 практични совети како побрзо да се вклопите во новиот тим

Нови во тимот? Со овие 10 трикови ќе изгледате како да сте таму со години!

Започнувањето нова работа секогаш носи возбудливи, но и предизвикувачки моменти. Нови лица, нова организациска култура и нови задачи – сето тоа може да создаде притисок. За да ја олесните адаптацијата и побрзо да станете дел од тимот, еве 10 практични совети:

1. Насмевнете се и бидете пријателски настроени

Првиот впечаток е клучен. Една едноставна насмевка отвора врати и создава пријатна атмосфера.

2. Слушајте повеќе отколку што зборувате

На почеток е корисно да впиете информации за процесите и динамиката во тимот. Со тоа покажувате почит и подготвеност за учење.

3. Поставувајте прашања

Не се двоумете да прашате. Ова покажува дека сте заинтересирани да разберете и дека сакате да работите правилно.

4. Бидете проактивни

Доколку видите дека некој има премногу задачи – понудете помош. Така покажувате иницијатива и тимски дух.

5. Почитувајте ја културата на компанијата

Секој тим има свои непишани правила. Обидете се да ги забележите и да се вклопите во нив.

6. Вмрежете се со колегите

Испијте кафе со новите колеги или приклучете се на неформални разговори. Малиот разговор често создава големи пријателства.

7. Бидете трпеливи со себе

Адаптацијата бара време. Не очекувајте да знаете сè веднаш – дозволете си период на учење.

8. Држете се до професионалноста

Почитувајте ги роковите, бидете точни и одговорни. Така колегите ќе ве доживеат како сигурен член на тимот.

9. Прифатете повратна информација

Ако добиете критика – гледајте на тоа како на можност за подобрување, а не како на напад.

10. Останете автентични

Да, треба да се вклопите, но тоа не значи да се изгубите себеси. Вашата уникатност е вашата најголема вредност.

Со овие совети, ќе ја скратите „периодата на адаптација“ и побрзо ќе станете природен дел од новата средина.

Прочитајте и за: Како да пронајдете работа што ќе ја сакате

Тагови: HR совети за работа

Промовирани огласи »

Најди работа во Битола!

Најнови огласи за работа во Битола!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Битола на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Во последниот период, се забележува раст на огласи во различни индустрии, што е показател за економскиот развој на градот и зголемената потреба за квалификуван кадар. Овие огласи ги опфаќаат сите сектори – од производство, услуги и администрација, па сè до технологија, здравство и образование.

Во продолжение дел од огласите:

Продажен агент - Битола
Унапредувач на продажба (аранжер на роба) - Битола
Продукт менаџер
Машински инженер
Референт за продажба

Достапноста на различни работни позиции на нашиот веб сервис нуди голем спектар на можности за лицата со различни квалификации и професионално искуство. Овие огласи не само што го поттикнуваат индивидуалниот кариерен развој, туку придонесуваат и за подобрување на локалната економија и подигање на стандардот на живот во Битола.

Доколку сте спремни за нов работен предизвик, сите останати работни позиции за во Битола можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најновите огласи за работа во Скопје!

Промовирани огласи »

Пресметајте колку данок треба да платите за увоз на половен автомобил

Еве колку данок треба да платите за увоз на половен автомобил

Основата за пресметување на данокот на моторни возила се утврдува според просечната емисија на јаглерод диоксид (CO₂) во грамови по километар, во зависност од видот на горивото, како и според царинската вредност на возилото утврдена по царинските прописи, зголемена за износот на царината. Во царинската вредност влегуваат и евентуалните транспортни и осигурителни трошоци. Со измените на Законот за данок на моторни возила, кои се применуваат од 1 јануари 2020 година, акцизата на патнички возила е заменета со нов систем на оданочување кој комбинира две компоненти: Ad Valorem – процент од вредноста на возилото и Specific – пресметка врз основа на емисијата на CO₂. На овој начин, возилата со пониски емисии стануваат поекономична опција во споредба со оние со повисока емисија.

Податокот за емисијата на CO₂ се добива од потврдата за сообразност за ЕУ одобрување на возило (Certificate of Conformity – COC). За полесна проценка, достапен е индикативен онлајн калкулатор преку кој можете да пресметате колкав би бил данокот за возилото што планирате да го увезете. Резултатите од калкулаторот се само информативни – конечниот износ се утврдува во постапката на увозно царинење и зависи од повеќе фактори, како што се потеклото на возилото, тарифниот број, видот и распоредот на возилото.

Тагови: половни возила царина Царинска управа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »