Изминатиот викенд, градскиот парк кај Школка доби поинаков ритам – KARIERA.mk беше таму со цел да ги запознае граѓаните со најновите продукти и услуги, но и да почести со кафе, леден чај и слатки изненадувања!
Нашиот штанд беше вистинска дестинација за сите љубопитни минувачи – не само што имаше бесплатно КАРИЕРА кафе, туку и освежителен леден чај, а за најмладите имавме и КАРИЕРА лижавчиња, кои измамија многу детски насмевки.
Покрај дружбата, посетителите имаа можност да се информираат и за MojaKARIERA картичката – ексклузивен производ кој им нуди низа бенефити на сите активни баратели на работа. Еве што добивате со неа:
Препорака кај компании (BASIC): Вашето CV ќе биде директно препорачано до компании што бараат кадар со вашите вештини и искуство. KARIERA.mk има долгогодишни партнерства со врвни работодавци во земјава.
Професионална проверка на CV (PRO): Нашиот искусен тим ќе направи длабинска анализа на вашето CV и ќе даде конкретни предлози за подобрување, со цел да оставите најдобар прв впечаток.
Настанот беше полн со позитивна енергија, инспиративни муабети и нови познанства. Доколку не успеавте да дојдете, погледнете дел од атмосферата во галеријата подолу.
KARIERA.mk – тука сме за вашата идна кариера!