
За компанијата: Основана во 2010 година, Д.Мед Медикал е првата приватна специјална болница во Македонија по Нефрологија со дијализа. Како дел од германската групација D.med Healthcare, дадовме значителен придонес во македонскиот здравствен систем, особено за пациентите на кои им е потребна хронична дијализа.
повеќе за компанијата »ПЗУ Специјалната болница по нефрологија со дијализа Diamed е дел од D.Med Healthcare Group со седиште во Дизелдорф, Германија. D.Med Healthcare Group е глобален проваидер на медицински услуги и производи со посебен фокус на нефрологија со дијализата како и производи во други медицински области. Специјалната болница Диамед, како дел од групацијата обезбедува висококвалитетни услуги за дијализа за пациенти кои имаат бубрежни заболувања, бубрежна инсуфициенција и пациенти кои се на хронична програма за хемодијализа и хемодијафилтрација. ПЗУ Специјална болница Диамед располага со модерна биохемиска лабораторија која нуди лабораториски услуги за сите пациенти. За потребите на Установата, имаме потреба од:
Медицинска сестра/техничар
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА:
- ССС Медицинско училиште
- Положен државен испит за медицинска сестра/техничар
- Работното искуство со дијализни пациенти ќе се смета за предност
- Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office
ЛИЧЕН ПРОФИЛ
- Професионален однос кон работата, одговорност и дисциплинираност,
- Почитување на правила и кодекс на работа,
- Внимателност и прецизност при работењето,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Способност за преземање иницијатива и мотивираност за постојана едукација/надградба на знаењата
Што нудиме:
Конкурентско месечно примање, регрес на годишен одмор, можност за дополнителни едукации, позитивна работна атмосфера, тимска работа каде што посветеноста, професионализмот и лојалноста се препознаени.
Доколку сметате дека ги исполнувате погоренаведените услови, Ве охрабруваме да ни ја испратите Вашата биографија, со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате, најдоцна до 22.08.2025 година на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Останати огласи »