
(преземи го огласот како PDF)
Леистунгсверк ДООЕЛ Скопје е реномирана телекомуникациска компанија, која долги години активно е застапена на германскиот пазар. Поради проширувањето на обемот на работа и потребата да се обезбеди исклучителна услуга на нашите клиенти, Леистунгсверк ДООЕЛ Скопје бара специјалист за корисничка подршка на германски јазик.
Придружете му се на нашиот тим составен од млади ентузијасти.
Потребни квалификации:
- Одлични писмени и говорни германски вештини (најмалку Б2 ниво)
- Основно познавање на англиски јазик
- Одлични комуникациски вештини
- Способност за работа на компјутер
- Способност за тимска работа, одлучување и иницијатива
Опис на работата и работните задачи:
- Одговарање на прашања и подршка на клиенти преку телефонски повици или е-пошта
- Давање на информации и совети за производите и услугите кои ги нудиме
- Идентификување на проблемите на клиентите и понуда на прифатливи решенија за истите
- Извршување и документирање на активностите и процесите во интуитивен софтвер
Што нудиме:
- Атрактивна месечна нето плата
- Целосно платена обука
- К-15 исплатен на максимален износ
- Годишен одмор од 22 работни денови
- Приватно здравствено осигурување со највисоко покритие
- Велнес програма (Спорт мастер)
- Работа само во прва смена со флексибилно работно време (08-09 часот до 16-17 часот)
- Работа од Понеделник до Петок, викенди и празници не се работи
- Хибридна работна недела – 3 дена канцеларија / 2 дена домашна канцеларија
- Работа во современо опремени канцеларии со простории за одмор и релаксација во Скопје или Радовиш
- Можност за 100% работа од дома за лица со живеалиште надвор од Скопје или Радовиш
Доколку сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ни го Вашето CV на следниов е-маил [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »