Шато Камник - Скопје лого

Комерцијалист за вино

Главни oдговорности и oбврски:

  • Спроведување дневни активности поврзани со остварувањето на целите/таргет план како и унапредување на продажбата и пазарот
  • Спроведување на дневни активности поврзани со остварувањето на зададените цели, грижа за пласман на производите со цел подобрување на продажбата
  • Генерирање и проследување нарачки до компанијата, како и одговорност за целокупната документација проследена со робата (фактури, испратници..итн)
  • Водење на евиденција за извршените нарачки и продажби
  • Развивање и посветеност на односите со клиентите и давање на поддршка и консултации
    • Дневна комуникација и градење долгорочни односи со купувачите/рестораните како и следење на наплата

Очекувани квалификации:

  • Завршено најмалку средно образование
  • Познавање на англиски јазик
  • Претходно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност

Потребни способности и вештини:

  • Добри комуникациски, преговарачки и продажни вештини;
  • Тимски работник, со желба за работа во динамична атомсфера
  • Чувство за одржување добри односи со клиентите 
  • Познавање и интерес за вина
  • Професионалност и деловна култура
  • Организираност и посветеност на детали 

Компанијата за своите вработени нуди:

  • Работа во една од реномираните фирми  
  • Договор на неопределено време
  • Платена храна - обезбеден оброк и пијалоци
  • Конкурентна плата и одлични услови за  работа во пријатна атмосфера и можност за професионален напредок

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија задолжително со фотографија на следната e-mail адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]

За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »