
За компанијата:
Хотел Senigallia претставува еден од најпрепознатливите и уникатни хотели во Скопје, сместен на реката Вардар, на само неколку минути од центарот на градот. Познат по својата автентична архитектонска... повеќе за компанијата »
Во Senigallia, веруваме дека вистинското гостопримство се крие во деталите, топлината и автентичноста што ги нудиме. Угостителството не е само професија – тоа е љубов и посветеност што води до ислучителни искуства за секој наш гостин. Нашиот тим работи со професионалност, ентузијазам и страст, овозможувајќи престој кој е многу повеќе од само ноќевање. Со создавање незаборавни моменти за нашите гости, обезбедуваме и значајни можности за развој, раст и унапредување на нашите вработени, додека истовремено оставаме позитивно влијание во заедницата од која сме дел.
Ако сакате да бидете дел од нашето семејство, имаме отворена позиција за Вас.
Хотел Senigallia вработува:
Рецепционер/ка
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Минимум завршено средно образование
- Претходно работно искуство на иста позиција е во предност
- Познавање на англиски јазик и работа со компјутери
ЛИЧЕН ПРОФИЛ:
- Комуникативна, одговорна и лојална личност
- Љубезност и педантност, со позитивен став
- Професионален однос
- Способност за тимска и индивидуална работа
Работниот однос е организиран во две смени со 40 работни часа неделно. Компанијата нуди редовни месечни примања со сите додатоци на плата, топол оброк за сите вработени, обука и можност за напредување.
Слични огласи »