
Скопски Легури Мајнинг ДООЕЛ Скопје бара Машински инженер
Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:
- Диплома за завршено високо образование – Машински факултет;
- Претходно работно искуство минимум 3 години;
- Познавање на компјутерски програми (Word, Excel и AutoCAD);
- Познавање на англиски јазик;
- Способност за извршување на работни задачи во кратки рокови;
- Лична и професионална ефективност, организациски способности, одговорност, иницијативност, исполнителност, лојалност, комуникативност;
- Способност за индивидуална работа и работа во тим.
Работни обврски:
- Обезбедува организациско, методолошко и техничко раководство, контрола врз работата на службите поврзани со работењето, поправката и одржувањето на опремата;
- Подготвува нацрт-календарски распореди за закажување на превентивно одржување, инспекции, тестирање на опрема и други објекти, како и мерки за подобрување на нивното работење и одржување;
- Учествува во проверка на техничката состојба на опремата, квалитетот на поправките, како и во приемот на нова опрема, подготвува документација за отпишување на опрема или нејзино пренесување;
- Врши подготовка за изведување на ремонтни работи, презема мерки за распределување на финансиски средства за набавка на резервни делови, опрема и материјали;
- Прави нацрт технички и работни проекти на производите користејќи автоматизирани алатки за проектирање, истовремено осигурувајќи се дека проектите кој се развиваат ги исполнуваат техничките спецификации, стандардите, прописите за здравје и безбедност при работа, барањата на најисплатливата технологија на производство, како и употребата на стандардизирани и унифицирани делови и единици за склопување;
Компанијата нуди:
Работа со редовно работно време од 40 часа неделно, прва смена, со обезбеден оброк, годишен одмор од 24 работни дена, во конкурентна средина и одличен финансиски надомест со потенцијал за напредување.
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата Биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за - Оглас за машински инженер, апликациите ќе се прифаќаат до 23.07.2025 година.
Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.
Ви благодариме!
Слични огласи »