
(преземи го огласот во Word)
Фирмата ТДГР ГЕО ПОИНТ ДООЕЛ Скопје е основана во 2010 година во Скопје. Локацијата на фирмата е на ул.Орце Николов бр.144/1-2, Скопје-Центар. Основна дејност на компанијата е инженерство и со него поврзано техничко советување. За успешното работење и постоење на фирмата на македонскиот пазар повеќе од 15 години говори и порфолиото на сработени проекти во доменот на геодезијата и реализирани соработки. Континуирано фирмата соработува со голем број домашни институции како и со домашни и странски компании во рамките на разни видови проекти.
Работна позиција: Дипломиран Геодетски инженер или Геодетски техничар
Опис на работно место: Поради зголемување на обемот на работа, бараме амбициозни и мотивирани кандидати за позицијата Дипломиран Геодетски инженер или Геодетски техничар. Кандидатите треба да бидат спремни да работат на различни проекти и да учествуваат во теренски и канцелариски активности од областа на геодезијата.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (BCC) – Градежен факултет (Геодезија) или Средна стручна спрема (CCC) – Геодетски техничар
- Работното искуство ќе се смета за предност
- Работење со компјутери и задолжително познавање на програмите AutoCAD/Civil 3D, Microstation V8, MakEdit, останати програми од областа на геодезијата и MS Office (Word, Excel, Power Point,MS Project)
- Познавање од теренски мерења со геодетски инструменти
- Поседување возачка дозвола Б категорија
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
- Кандидатот треба да поседува комуникациски и аналитички способности, организираност во работата, способност за самостојна работа и тимска соработка.
Клучни одговорности:
- Работата ќе се одвива на терен (извршување на геодетски снимања) и во канцеларија (обработка на податоците од терен и изработка на геодетски елаборати)
- Способност за тимска работа
- Одговорност и способност во организирање на работните задачи
- Одговорно однесување кон ресурсите кои ги поседува фирмата.
Што нудиме:
- Конкурентна плата
- Лична опрема за заштита при работа
- Современи инструменти за работа – со најновата геодетска опрема, вклучувајќи ГПС уреди, тотална станица, нивелир, дрон и сл.
- Нови возила за теренски активности кои овозможуваат ефикасна и удобна работа во теренски услови
- Можности за учење, професионален развој и раст
- Работа на интересни и динамични проекти
- Поддршка за напредување во кариерата
- Тим на професионалци кои ќе ве поддржат во развојот и стекнувањето нови вештини
- Тим билдинг активности.
Вработување на полно работно време.
Дневното работно време е од 08:00 – 16:00 часот, 40 работни часа (од понеделник до петок).
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите може да ги испратат своите биографии (CV), диплома, овластувања и др. на следниот e-mail: geopoint@t.mk
Слични огласи »