Промовирани огласи »

КАМ деветта година по ред е број 1 префериран ланец на маркети во Македонија за 2025/2026 година

Ова е причината зошто КАМ е најпреферираниот маркет веќе девет години!

🥇 КАМ деветта година по ред е број 1 префериран ланец на маркети во Македонија за 2025/2026 година.

Оваа позиција е резултат на континуирана доверба и силна поддршка од потрошувачите, a e потврдена преку најновите истражувања на Инсајдер ИД 🚀

Приближно 78% од потрошувачите го избираат КАМ како своето главно место за пазарење. 🙌

КАМ е на лидерска позиција и во поткатегориите:

✅ Највисока лојалност на потрошувачите

✅ Најдобар сооднос цена–квалитет

✅ Најдобра достапност

Благодарност до сите потрошувачи кои се дел од нашата успешна приказна цели 30 години!

Тагови: Кам Доо Илинден

Промовирани огласи »

Секое „паркирање на 5 минути“ на булевар во Скопје ќе се казнува автоматски

Нови полициски возила со камери, поврзани со системот „Безбеден град“, ќе патролираат по Скопје и ќе казнуваат секое краткотрајно застанување на булеварите каде што паркирањето е забрането.

Секое краткотрајно застанување на булеварите во Скопје, надвор од обележаните паркинг-зони, ќе биде санкционирано, најави началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, во гостување во емисијата „Претрес“. Новите полициски возила опремени со камери ќе бидат директно поврзани со системот „Безбеден град“ и ќе регистрираат несоодветно паркирање без потреба од директна интервенција на сообраќајната полиција.

Топаловски истакна дека возилата ќе патролираат по цел ден, по неколку часа на различни локации низ градот, со што ќе се опфатат најфреквентните булевари и критични точки каде често се создаваат метежи. Сите оние кои ќе помислат дека ќе може да ја остават колата и некаде да отидат да завршат некоја работа, притоа да создадат гужва на таа сообраќајница, сега ќе имаат казна, предупреди тој.

Началникот на СВР Скопје испрати и јасна порака до потенцијалните сообраќајни прекршители. Според него, новиот систем ќе ја намали толеранцијата кон т.н. „паркирање на пет минути“ на булеварите и ќе го направи секое такво застанување финансиски неодржливо. „Морам да им кажам и една порака да испратам на тие кои планираат да бидат сообраќајни прекшители, тоа нема да биде исплатливо“, нагласи Топаловски.

Тагови: Сејф сити - Безбеден град Скопје Сашо Топаловски

Промовирани огласи »

Како да заштедите пари во декември: Паметни совети за празнични трошоци

Планирај го буџетот однапред и постави лимити за подароци и храна

Декември секогаш носи празнична магија – но и зголемени трошоци. Подароци, украсувања, излегувања и празнични трпези сигурно го полнат календарот, но често и го празнат паричникот. За да го избегнете финансискиот стрес, првиот чекор е да одредите јасен буџет. Планирајте однапред колку можете да потрошите и држете се до таа бројка – ова е наједноставниот начин да имате контрола врз трошоците.

Вториот чекор е внимателно и стратешки да ги купувате подароците. Наместо да брзате и купувате во последен момент, направете листа и следете ги акциите. Многу продавници нудат предновогодишни попусти, а често најубавите подароци не се најскапите. Размислете и за креативни, персонализирани подароци – се издвојуваат повеќе, а често чинат многу помалку.

И на крај – празничната атмосфера не зависи од луксузот, туку од моментите со најблиските. Намалете ги непотребните излегувања, планирајте домашни дружења и готвење со пријателите. На тој начин не само што заштедувате, туку создавате поинтимни и искрени моменти. Со малку организација и паметни избори, празниците може да бидат убави, топли и финансиски опуштени.

Тагови: пари трошоци декември буџет

Промовирани огласи »

Овие 3 града денес имаат најлош воздух во Македонија

Вечерва Кичево, Велес и Кавадарци бележат екстремно високи вредности на ПМ10 честички, додека и во Скопје и уште неколку града загаденоста е над нормалата.

Кичево, Велес и Кавадарци вечерва се меѓу најзагадените градови во Македонија според концентрацијата на ПМ10 честички, со измерени вредности од 221 µg/m³, 208 µg/m³ и 170 µg/m³ – ниво кое влегува во категоријата екстремно висока за првите два града и многу висока за Кавадарци. Во Скопје се измерени 126 µg/m³, а во Гостивар и Струмица по 125 и 124 µg/m³, што исто така спаѓа во зоната на многу високи концентрации и укажува на потреба од претпазливост при вечерните активности на отворено.

Во Гевгелија (87 µg/m³) загаденоста е висока, додека Битола и Тетово со по 71 µg/m³, како и Куманово со 64 µg/m³, се над границата на нормално ниво. Подобрена состојба има во Охрид со 32 µg/m³, каде воздухот е блиску до нормалните вредности, а најчист воздух вечерва е измерен во Лазарополе со само 5 µg/m³, што спаѓа во категоријата на многу ниска загаденост.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во /ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

105µg/m3Центар
53µg/m3Карпош
48µg/m3Лисиче
42µg/m3Ректорат
21µg/m3Гази баба
13µg/m3Миладиновци

Македонија

122µg/m3Кавадарци
116µg/m3Прилеп
102µg/m3Гевгелија
74µg/m3Кичево
69µg/m3Куманово
58µg/m3Гостивар
50µg/m3Струмица
48µg/m3Битола
39µg/m3Велес
25µg/m3Охрид
7µg/m3Лазарополе
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »