Македонски Институт за Квалитет лого

Дипломиран Електро Инженер - насока Енергетика

Оглас за вработување во МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА КВАЛИТЕТ Скопје

Дипломиран електро инженер-насока енергетика

Дипломиран инженер по електротехника - насока енергетика со најмалку три години континуирано работно искуство на работи поврзани со изведба, испитување или управување со електроенергетски постројки,трансформаторски станици, моторни погони, ниско напонски инсталации, постројки за електроенергетски мерења и испитувања и сл., за работната позиција – Контролор.

Избраниот кандидат ќе учествува во вршење на технички прегледи и периодични испитувања на електроенергетска опрема, електрични производи и уреди,ниско напонски елетрични инсталации, како и испитување на безбедност на опрема и инсталации во потенцијално експлозивна атмосвера.

Работата се извршува од 08:00 до 16:00 часот.

Конкурентски предности за  работната позиција:

  • Тимска работа и кооперативност
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Решавање на проблеми
  • Познавање на Microsoft Officе, CAD софтвер и познавање на останати апликации.
  • Познававање на Англиски јазик.

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

  • Мотивационо писмо
  • Кратка Биографија (CV) со сертификати од обуки од областа (доколку има)
  • Доказ за завршено образование
  • Извод од ПИОМ, како доказ за потребното искуство
  • Уверение за државјанство

Огласот трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е со полно работно време (40 часа неделно), на неопределено време.

Аплицирањето се врши со испраќање на потребните документи на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака „ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – Позиција за која се конкурира“

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Краен рок за пријавување: 31.12.2025

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »