Промовирани огласи »

Катерина Велјаноска: Македонски талент што блесна на глобалната IT сцена

Храброст, знаење и успех: Приказната на една македонска tech лидерка

Која е Катерина Велјаноска? Раскажи ни малку повеќе за себе

Јас сум Катерина Велјаноска, родена во Гостивар, а последните неколку години живеам и работам во Германија. Дипломирав Компјутерско инженерство на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, имам магистер по Бизнис информатика и моментално аплицирам за докторски студии, со специјализирана обука за DevOps и Cloud Computing.

Имам повеќегодишно професионално искуство во Македонија, а во Германија сум веќе пет години, што ми овозможи да се натпреварувам со најдобрите европски стандарди во IT секторот.

Победата на еден од најпрестижните IT конгреси во Германија за мене е потврда дека упорноста, знаењето и талентот од Македонија може да се мерат со светските лидери.

Катерина, какво е чувството да се добие признание „Women of the Year 2025“ во Германија?

Ова признание е повеќе од лична победа – тоа е доказ дека жените од малите земји можат да стојат рамо до рамо со најсилните tech професионалци во светот. Нашето образование, вредностите што ги носиме од семејството, трудот и дисциплината – сето тоа е на исто ниво со европските стандарди. Чувството е неверојатно, но и одговорно. Најмногу ме радува сознанието дека мојата приказна инспирира многу девојки – и токму тоа е најголемата победа.

Конкуренцијата броеше над 300 кандидатки. Што точно беше твојата номинација и што те издвојуваше?

Бев номинирана како DevOps и софтверски инженер со фокус на IT безбедност, cloud технологии и вештачка интелигенција. Работев на развој на GPS-навигациски систем за хеликоптери во авијацискиот сектор, а активно се залагам за дигитална трансформација. Како speaker на меѓународни конференции – Women in Tech Global, Elevate Her UK и други – се трудам да инспирирам млади жени преку образование, менторство и личен пример.

Мислам дека ме издвојуваше комбинацијата од технички резултати, лидерство и мојата мисија да отворам врати за други жени. Автентичноста секогаш победува.

Кои се најголемите предизвици за една жена во светот на технологијата?

Не правам поделби меѓу „машко“ и „женско“ во работата – за мене постојат само професионалци и непрофесионалци. Но свесна сум за состојбата и предрасудите што постојат. Среќна сум што работам во средина каде тие не се чувствуваат, но глобално – предизвиците се реални.

Она што го гледам како огромна предност кај жените во IT е вродената подготвеност за поддршка, емпатија и градење силни мрежи. Жените креираат иновативни перспективи токму затоа што размислуваат различно, се здружуваат и создаваат нови можности.

Каде ја гледаш својата кариера во следните години?

Сакам да продолжам да градиме силни tech тимови, да поддржувам млади жени насекаде во светот, но и да охрабрам уште повеќе девојки од Македонија да направат чекор во IT. Сакам да бидам доказ дека упорноста донесува резултати. И да – целта ми е да отворам уште поголеми врати за Македонија на глобално tech ниво. Имаме талент, само треба гласно да се слушне.

Што би ѝ порачала на една млада девојка што сака да влезе во технологијата?

Биди храбра. Не чекај дозвола. Не се плаши да згрешиш – плаши се да не пробаш. Запомни: твојот глас има моќ, твојата приказна има вредност, а твоето време доаѓа. Tech светот е огромен – има место и за тебе.

Која е твојата најголема лекција од ова искуство?

Дека успехот доаѓа кога ќе престанеш да се споредуваш со другите и ќе почнеш да се натпреваруваш само со себе. Кога работиш со љубов, истрајност и вистинска мотивација, светот тоа го препознава.

Тагови: IT security - IT безбедност Универзитет на Југоисточна Европа Women in Tech

Промовирани огласи »

Како да управувате со семејниот буџет: Практични совети од Лилјана Алексова

Лилјана Алексова открива како да ја контролирате потрошувачката и да изградите финансиска сигурност

Во шестата епизода на „На Каде Одиме?“ ни гостува Лилјана Алексова – личен водич за семејни финансии, која ни отвора врата кон светот на финансиската писменост и практичните стратегии за управување со семејниот буџет.

Со Лилјана зборуваме за професијата судски вештак – што всушност значи таа работа, какви знаења и вештини се потребни за да се успее во оваа професија, како и предизвиците и задоволствата кои ги носи секојдневното работење. Таа ни ја објаснува и важноста на финансиската анализа и како правилното управување со бројки може да влијае врз сигурноста и стабилноста на едно семејство.

Во разговорот, Лилјана ни открива како се роди нејзиниот нов проект Money Master – иницијатива која има за цел да ги едуцира и води луѓето низ сложениот свет на потрошувачката кошничка и финансиските одлуки. Тука ги споделува своите искуства, изненадувањата со кои се соочи во процесот и реакциите на групата која била дел од курсот.

Ова е епизода која нуди практични совети, инспирација и корисни информации за секого кој сака да ја подобри својата финансиска писменост, да изгради стабилна финансиска основа и да донесува паметни одлуки за своето семејство. 

🎧 Епизодата е достапна на YouTube и Spotify:

Како да управувате со семејниот буџет: Практични совети од Лилјана Алексова

Тагови: интервју поткаст

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Советник за утврдување на стандарди за сајбер безбедност, Одделение за утврдување на стандарди за сајбер безбедност, Сектор за сајбер безбедност - Министерство за дигитална трансформација

Помошник раководител на сектор за ЕУ интеграција и меѓународна соработка - Министерство за дигитална трансформација

Архивар III, Oдделение за административно-технички работи и човечки ресурси - ЈЗУ Центар за јавно здравје Куманово

Соработник за материјално финансиско работење, Одделение за материјално финансиско работење - ЈЗУ Центар за јавно здравје Куманово

Самостоен референт за јавни набавки во одделение за јавни набавки, Одделение за јавни набавки, Сектор за административни работи и логистика - ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

КАМ деветта година по ред е број 1 префериран ланец на маркети во Македонија за 2025/2026 година

Ова е причината зошто КАМ е најпреферираниот маркет веќе девет години!

🥇 КАМ деветта година по ред е број 1 префериран ланец на маркети во Македонија за 2025/2026 година.

Оваа позиција е резултат на континуирана доверба и силна поддршка од потрошувачите, a e потврдена преку најновите истражувања на Инсајдер ИД 🚀

Приближно 78% од потрошувачите го избираат КАМ како своето главно место за пазарење. 🙌

КАМ е на лидерска позиција и во поткатегориите:

✅ Највисока лојалност на потрошувачите

✅ Најдобар сооднос цена–квалитет

✅ Најдобра достапност

Благодарност до сите потрошувачи кои се дел од нашата успешна приказна цели 30 години!

Тагови: Кам Доо Илинден

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »