Оглас за вработување во РУДАРСКИ ИНСТИТУТ Скопје
Дипломиран машински инженер
- Дипломиран машински инженер со најмалку пет години континуирано работно искуство
- На работи поврзани со изведба и оддржување (ремонтни активности)
- На ротациони постројки (пумпни агрегати, вентилатори, компресори, кранови, дигалки и сл.),
- Цевководни инсталации за вода, нафта, ТНГ и друго.
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
- Биографија (CV)
- Доказ за завршено образование и курсеви
Огласот трае 30 дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е со полно работно време (40 часа неделно), на определено време траење од 6 месеци со можност за трансформација во неопределено.
Аплицирањето се врши со испраќање на потребните документи на следната е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – Позиција за која се конкурира.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Краен рок за пријавување: 31.12.2025