
За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси.
Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење...
повеќе за компанијата »Агенцијата ЕСИ за свои интерни потреби, објавува оглас за позиција:
АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
Опис на работни задачи:
- Вршење на пријави и одјави на времено вработените лица во релевантните институции (АВРСМ, ФЗО и сл.);
- Изработка на целокупната документација поврзана со вработувањето (договори за вработување, анекси на договори, потврди, решенија, спогодби и други акти согласно ЗРО);
- Водење на досиеата на вработените лица и клиентите (во електронска и хартиена форма);
- Испраќање на пошта и водење на книга за пошта;
- Подготовка и ажурирање на податоците во електронска база на кандидати;
- Комуникација со клиенти и времено вработени;
- Комуникација со релевантни институции (АВРСМ, ФЗО, ПИОМ и сл.)
Бараме:
- Завршено Високо образование;
- Со или без работно искуство;
- Познавање на Англиски Јазик;
- Одлично познавање на работа со компјутери (МS Office-Word,Excel, Power Point);
- Ориентација кон детали;
- Висок на лична организираност.
Понуда:
- Работа на полно работно време од 08:00 до 16:00
- Обезбедена обука
- Динамична работна средина
- Фер и коректно плаќање
Своите биографии испратeте ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате или аплицирајте директно на www.esi.mk .
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk
Слични огласи »