УНИТИМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје лого

Административен/Финансиски асистент/ка

За компанијата: УНИТИМ ДООЕЛ Скопје е компанија која е основана во 2001 година. Нудиме целосни решенија, од проектирање до инсталација и интеграција на системи за греење и ладење, климатизација, вентилација, регулирање на влажност на воздух во простории, подно греење, топлински пумпи. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

  • АДМИНИСТРАТИВЕН/ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ/KA
  • Отворена работна позиција -

УНИТИМ е друштво зa градежништво. Нуди целосни решенија , од проектирање до инсталација и интеграција на системи за греење, ладење, водовод и вентилација.

Поради зголемениот интензитет на активности и потребите на секојдневното оперативно-административно работење, УНИТИМ го проширува својот тим за Финансии и отвара нова работна позиција Административен/Финансиски асистент/ка со доленаведените спецификации.

Базични информации

  • Времетраење на договорот: неопределено
  • Работно време: 8 часа/дневно (5 дена во неделата; Понеделник до петок)

Потребни квалификации

  • Високо образование-Економски факултет
  • Поседување на лиценца за овластен сметководител- ќе се смета за предност
  • Претходно работно искуство на иста позиција - ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутер (MS Office)

Работни задачи

  • Уредно водење на документацијата во согласност со имплементираните стандардите за квалитет  во компанијата
  • Извршување на редовни административни активности во доменот на финансии и сметководство
  • Подготвување на извештаи за влезна и излезна документација
  • Подготовка и архивирање на проектната и финансиската документација
  • Следење на трошоците со цел обезбедување усогласеност на трошењата со внатрешните политики и процедури
  • Контрола на раздолжување на вработените со соодветна документација согласно искористените средства од платежните картички кои им се дадени на располагање.
  • Комуникација со комитентите и обезбедување на соодветна документација, по маил и пошта
  • Административно и техничко одржување на канцеларијата, грижа за опремата, спроведување канцелариски набавки и услови
  • Обезбедување на останата административна и логистичка поддршка по барање на претпоставениот и во зависност од потребите на компанијата.

Способности и професионални вештини:

  • Одлични организациски и комуникациски способности
  • Способност за тимска и индивидуална работа
  • Систематичен пристап при работењето, ориентација кон детаљи
  • Поседување на висок интегритет и лојалност
  • Иницијативност, посветеност и амбициозност
  • Почитување и примена на пропишаните процедури  и интерни акти на компанијата
  • Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера.

Потребна документација за аплицирање:

  • Ваша професионална биографија
  • Доказ за завршено образование

Финален временски рок за поднесување на апликацијата

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »