Промовирани огласи »

Работа од дома или канцеларија: Финансиска споредба за компаниите

Еве зошто некои компании никогаш повеќе нема да се вратат во канцеларија!

Пандемијата донесе една од најголемите трансформации во начинот на работа – далечинската работа. Денес, многу компании стојат пред одлука: дали да продолжат со работа од дома, да ги вратат вработените во канцеларија или да усвојат хибриден модел. Но, покрај продуктивноста и културата на компанијата, клучен фактор е и цената.

Ајде да направиме директна финансиска споредба.

1. Трошоци за простории и канцелариски опрема

Канцеларија: Најголемите фиксни трошоци доаѓаат од закуп, режиски трошоци, одржување, канцелариска опрема, мебел, безбедносни системи и кафе/вода/освежувања. За секој вработен се проценува месечен трошок од 150 - 400 евра, зависно од локацијата.

Работа од дома: Овие трошоци практично исчезнуваат. Компаниите може да обезбедат еднократен буџет за лаптоп, монитор и интернет, што е многу помалку на годишно ниво од одржување на канцелариски простор.

2. Сметки и режиски трошоци

Канцеларија: Електрична енергија, греење/ладење, интернет, одржување на простории – сите тие месечно ја зголемуваат сметката.

Работа од дома: Овие трошоци се префрлаат кај вработените (делумно или целосно), што значително го намалува товарот врз буџетот на компанијата.

3. Трошоци за пат и доаѓање на работа

Канцеларија: Многу компании покриваат или субвенционираат превоз за вработените, паркинг или дури и организиран транспорт.

Работа од дома: Овие трошоци целосно исчезнуваат.

4. Продуктивност и скриени трошоци

Канцеларија: Иако физичкото присуство нуди контрола и брза комуникација, често се губи време во социјализација, состаноци без агенда и патување.

Работа од дома: Може да ја зголеми продуктивноста, но само со добар менаџмент. Лошата комуникација или изолацијата може да доведат до скриени трошоци: изгубени клиенти, доцнење на проекти, намалена мотивација.

5. Ротација на кадарот и задржување

Флексибилноста која ја нуди работата од дома често резултира со поголемо задоволство и лојалност на вработените. Тоа значи помал трошок за регрутација и обука на нови кадри.

Од финансиски аспект, работата од дома често излегува поевтина и поодржлива за компаниите особено кога се работи за ИТ, маркетинг, дизајн и слични индустрии. Сепак, клучот е во правилно структурирање, јасни процеси и добра комуникација.

Комбинираниот хибриден модел станува сѐ попопуларен бидејќи нуди флексибилност, но и одредена структура со што ги оптимизира и трошоците и перформансите.

Дали нон стоп ве контролираат како работите, прочитајте и за: Овие 5 знаци откриваат дека сте жртва на микроменаџирање

Тагови: HR работа од дома совети за работа хибридна работа

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Охрид!

Најновите огласи за работа во Охрид!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Охрид на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Охрид, еден од најубавите и најпосетуваните градови во Македонија, нуди многу можности за вработување во различни сектори. За да го пронајдете вашето идеално работно место во Охрид, посетете го нашиот веб сервис KARIERA.mk, како и на нашите социјални мрежи каде многу работодавци објавуваат отворени позиции.

Cultivation operator
Оператор за контрола на квалитет - Охрид
Брусач
Продажен Персонал - Охрид
Техничар за обезбедување на телекомуникациски услуги (за Охридски регион)

Сите останати работни места за во Охрид можете да ги најдте ТУКА.

Прочитајте и за: Најди работа во Битола!

Промовирани огласи »

Кои работници имаат право на скратено работно време?

Работниците кои работат со скратено работно време уживаат исти права како и оние со полно работно време во однос на пензиско, инвалидско и здравствено осигурување.

Права на работник со скратено работно време:

Работниците кои работат со скратено работно време уживаат исти права како и оние со полно работно време во однос на пензиско, инвалидско и здравствено осигурување. Тие добиваат плата согласно со реално извршените работни обврски, а освен ако не е поинаку регулирано со закон, ги имаат и сите други права од работниот однос.

Скратено работно време поради штетни услови:

На работници кои работат на особено тешки, штетни или напорни работни места, работното време може да им се скрати согласно степенот на штетност, утврден преку закон и колективен договор. За плата и други работнички права, ова скратено работно време се смета како полно. Во оваа категорија спаѓаат физички тешки работи, изложеност на зрачења, бучава, заразни материјали, височини, летачки персонал, сценски изведувачи и слично.

Постапка за одобрување скратено работно време:

За да се одобри скратено работно време, потребно е барање до Министерството за труд, поднесено од работодавачот и придружено со мислења од установа за медицина на трудот и Инспекцијата на трудот. И работникот или синдикатот може да иницираат оваа постапка преку работодавачот. Доколку Инспекцијата утврди дека постојат услови, може да нареди започнување на процедурата. Работникот на вакви позиции не смее да работи прекувремено ниту кај друг работодавач на исти услови додека важи скратеното работно време.

Тагови: работнички права скратено работно време

Промовирани огласи »

Кина нуди по 500 евра годишно за секое дете: Борба со демографската криза

Кина започна нова иницијатива за поттикнување на раѓањата, нудејќи по 500 евра годишно за секое дете

Поради заканувачката демографска криза, Кина започна да нуди финансиска помош на родителите за да ги поттикне раѓањата. Новата мерка предвидува родители да добиваат околу 3600 јуани (околу 465-500 евра) годишно за секое дете помладо од три години. Уште поважно, субвенцијата ќе биде достапна и ретроактивно, што им овозможува на семејствата со деца родени од 2022 година да аплицираат за помош.

Овој потфат е дел од пошироките напори на кинеската влада да го зголеми наталитетот, кој и покрај укинувањето на политиката на едно дете, продолжува да опаѓа. Во моментот, трошоците за одгледување деца во Кина се меѓу највисоките во светот. Затоа, локалните власти, како во градовите Хоххот и Шењанг, веќе нудат дополнителни финансиски стимули за семејства со повеќе деца.

Сепак, официјалните податоци покажуваат дека популацијата на Кина продолжува да опаѓа, а со старењето на населението, загриженоста за иднината на земјата дополнително расте. Дали овие мерки ќе бидат доволни за да се запрат овие трендови, останува да видиме.

Тагови: Кина

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »