Промовирани огласи »

Вработување во Лидл!

Огласи за работа во Лидл!

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално се отворени следниве позиции:

Специјалист за грижа за потрошувачи
Специјалист за синџир на набавки
Консултант за свежи и замрзнати прехранбени производи
Специјалист за ангажираност на вработени
Специјалист за привлекување на таленти
Мастер дата специјалист во оддел набавки

Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Лидл, не се двоумете и аплицирајте веднаш!

Се уште сте во потрага по ново работно место? Сите останати огласи можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Лидл Северна Македонија дооел

Промовирани огласи »

Kariera.mk дел од настанот Women in Tech – инспирација и знаење од светот на технологијата

Настанот Women in Tech беше одлична можност за споделување знаења, искуства и идеи од светот на технологијата

Настанот Women in Tech беше одлична можност за споделување знаења, искуства и идеи од светот на технологијата. Присутните имаа шанса да се запознаат со најновите трендови, да слушнат инспиративни приказни и да дискутираат за иновации кои ја обликуваат иднината на дигиталниот свет. Атмосферата беше динамична и мотивирачка, исполнета со ентузијазам и позитивна енергија.

Организацијата на настанот беше беспрекорна – од внимателно креирана агенда, до квалитетни говорници и можности за вмрежување. Секој сегмент беше осмислен да поттикне учење и инспирација, а учесниците имаа можност да добијат практични совети за развој во технолошките кариери и проекти. KARIERA.mk беше дел од овој прекрасен настан, следејќи ја секоја активност и поттикнувајќи поврзување на учесниците.

На крајот, сите си заминаа исполнети и мотивирани, со свежи идеи и енергија за примена на наученото. Настанот Women in Tech потврди дека собирите од ваков тип се одличен начин за инспирација, поврзување и поттикнување на развојот на технологијата и иновациите. Со нетрпение се очекуваат следните слични настани, а KARIERA.mk со задоволство ќе биде дел од нив.

Промовирани огласи »

Психолошка безбедност – новата валута во успешните компании

Најмоќната валута во 2025 не е пари – туку нешто што менаџерите го занемаруваат!

Во корпоративниот свет, каде конкуренцијата е жестока, а промените се секојдневие, една „невидлива“ вредност станува клучна за раст и задржување на таленти: психолошката безбедност.

Сè повеќе компании сфаќаат дека вработените не функционираат оптимално само со добра плата и удобна канцеларија – им е потребна средина во која можат слободно да зборуваат, да предложат идеи, да изразат несогласување и да признаат грешка без страв од последици.

✔ Зошто психолошката безбедност е „новата валута“?

  • Ги намалува конфликтите и го зголемува меѓусебното доверие.
  • Го забрзува иновацискиот процес, бидејќи тимовите отворено дискутираат и експериментираат.
  • Ја зголемува продуктивноста – вработените не трошат енергија на „самозаштита“, туку на работа.
  • Ја намалува флуктуацијата, бидејќи луѓето остануваат таму каде што се чувствуваат слушнати и поддржани.

✔ Како компаниите ја градат?

Успешните организации веќе инвестираат во:

  • Тренинзи за лидерство базирано на емпатија,
  • Редовни анонимни анкети за чувство на припадност и доверба,
  • Култура на „глас за секого“,
  • Структуриран онбординг со фокус на отворена комуникација,
  • Политики што спречуваат вина-конструктивно и поддржувачко учење од грешки.

✔ Новото правило на HR: „Безбедните тимови се успешни тимови“

Компаниите што ќе ја препознаат вредноста на психолошката безбедност ќе станат поатрактивни за топ талентите и ќе изградат силни, стабилни и мотивирани тимови.

Психолошката безбедност не е тренд – таа е новата валута со која се плаќа успехот на модерните организации.

Прочитајте и за: Работа од дома, канцеларија или и двете? Хибридниот модел победи!

Тагови: HR HR трендови

Промовирани огласи »

„МојДДВ“ ќе биде исплатен до крајот на месецов

„Скенирачи“ имајте трпение!

Граѓаните кои редовно скенираат фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ повратот на данокот за третиот квартал годинава ќе го добијат на своите трансакциски сметки до крајот на ноември, информира Министерството за финансии. 

Станува збор за парите акумулирани од скенираните сметки во периодот јули–септември, кои согласно правилата се исплаќаат 60 дена по завршување на кварталот.

Од институцијата појаснуваат дека системот за поврат функционира редовно, а доцнење најчесто се случува поради неточни или неажурирани податоци за трансакциската сметка во Управата за јавни приходи. Доколку граѓаните смениле банка или број на сметка, потребно е навреме да ги ажурираат информациите во својот кориснички профил, за да не дојде до враќање или блокада на уплатата.

Тагови: Министерството за финансии Мој ДДВ

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »