ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје лого

Аналитичар за финансиско работење

Плата 45.000 ден.

За компанијата:

Друштво за неживотно осигурување

повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како PDF)

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар: АНАЛИТИЧАР ЗА ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ

ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

Опис на работните задачи и одговорности:

  • Изготвување финансиски анализи, финансиски извештаи и други извештаи за работењето на Друштвото;
  • Учествува во усогласувањето на работењето на Друштвото и извештаите на Друштвото со работењето на групациско ниво;
  • Изготвување финансиски податоци неопходни за изготвување на Бизнис плановите на Друштвото;
  • Соработува со внатрешната и надворешна ревизија за изготвување на извештаи за финансиското работење.

НУДИМЕ:

  • Вработување на определено времетраење, со можност за продолжување на договорот за вработување и понатамошна трансформација на неопределено време;
  • Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
  • Конкурентна плата, во зависност од квалификацијата и искуството на кандидатот;
  •  Работа во динамична, развојна и пријатна средина;
  • Можности за развивање и континуирано персонално усовршување;
  • Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ИСКУСТВО И ОБРАЗОВАНИЕ:

  • Високо образование од областа на економските науки;
  • Работно искуство од најмалку 2 години во доменот на вршење на финансии и осигурување;
  • За предност ќе се смета работно искуство во друштво за осигурување;
  • Солидно познавање на работа со компјутери и MS Office;
  • Добро владеење на англиски јазик на работно ниво;
  • Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;
  • Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, способност за аналитичко размислување;
  • Комуникациски способности, способност за тимска работа.

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака дека аплицирате за конкретното работно место, не подоцна од 15.08.2025 година. Вашите документи за аплицирање треба јасно да покажат зошто токму Вие одговарате за позицијата за која аплицирате.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и пропратните документи да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на личните податоци(*).

Само кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »