Промовирани огласи »

Пет техники за ослободување од стресот по професионален неуспех

Овие 5 техники ќе ви го спасат менталното здравје по работен колапс

Нема човек кој барем еднаш не доживеал неуспех на работа било да се работи за пропуштена можност, лоша одлука или неостварени цели. Но она што нè дефинира не е самиот неуспех, туку начинот на кој се справуваме со него. Стресот што го следи може да влијае на менталното здравје, продуктивноста и мотивацијата, па затоа е важно да го препознаеме и активно да работиме на неговото намалување.

Во продолжение ви претставуваме пет ефикасни техники што ќе ви помогнат здраво да се ослободите од стресот по професионален неуспех:

1. Признајте ги емоциите и дозволете си да ги почувствувате

Не се обидувајте веднаш да „продолжите понатаму“. Признавањето дека сте разочарани, лути или тажни е првиот чекор кон вистинско справување со неуспехот. Потиснатите емоции не исчезнуваат тие се акумулираат. Дајте си дозвола за кратко „емотивно паѓање“, но потоа насочете ја енергијата кон конструктивен раст.

2. Физичка активност најдобриот антистрес лек

Телото и умот се поврзани. Шетање, трчање, јога или дури и брзо искачување по скали може да го намали нивото на кортизол (хормонот на стресот) и да го подобри расположението. Физичката активност не мора да биде долга или интензивна – важно е да се движите.

3. Разговарајте со некој кому му верувате

Неуспехот често знае да не изолира. Разговор со пријател, колега или ментор може да ви помогне да добиете нова перспектива и емоционална поддршка. Понекогаш само тоа што некој ве слуша веќе прави огромна разлика.

4. Претворете ја ситуацијата во лекција

Направете кратка анализа: Што тргнало наопаку? Што можете да научите? Кои грешки можете да избегнете во иднина? Ова не само што ви дава чувство на контрола, туку ви помага и во градењето на професионална зрелост и адаптивност.

5. Вратете се на малите победи

По неуспех, лесно е да заборавите на сè што претходно сте постигнале. Потсетете се на вашите успеси, на работите кои сте ги направиле добро, на предизвиците што сте ги надминале. Оваа „проверка на реалноста“ помага да се одржи самодовербата и да се продолжи понатаму со повеќе верба во себе.

Секој неуспех носи потенцијал за развој. Наместо да го гледате како крај, доживејте го како нов почеток – со повеќе мудрост, сила и емоционална зрелост. Вашиот успех не се мери само со тоа колку победи имате, туку и со тоа колку пати сте се издигнале по падот.

Доколку го претпочитате хибридниот начин на работење тогаш прочитајте и за: Работа од дома или канцеларија: Финансиска споредба за компаниите

Тагови: HR совети за работа

Промовирани огласи »

Регулаторна „пресече“ - Ќе поскапи ли парното?

Конечно одговор од надлежните.

Не се менува цената на топлинската енергија – одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија.

РКЕ донесе одлука со која продолжуваат да важат актуелните цени за топлинска енергија се до донесување на нова одлука.

РКЕ изврши длабинска анализа на доставените податоци за работата на компаниите кои вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Градот Скопје. Констатиравме дека за донесување на одлука која ќе ги рефлектира во целост реалните трошоци на сите регулирани дејности, посебно производство на топлинска енергија, дополнително е потребна проценка на вредноста на основните средства – топланите. РКЕ во февруари испрати барање за процена на основните средства за дејноста производство до Бирото за процена, но до денес го немаме добиено извештајот за процена и поради тоа не може да се направи финална пресметка. Со цел овозможување на еднаков третман на сите потрошувачи на топлинска енергија на територијата на Град Скопје, РКЕ донесе одлуки да продолжат да важат истите тарифи, односно сметките за парно не се менуваат, се до нова одлука, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Инаку со последната одлука од 1 февруари цената за потрошувачите на топлинска енергија во Град Скопје беше зголемена за 5,03 %, како резултат на зголемената цена на природниот гас на светските берзи за 16 % во последниот квартал од 2024 година. 

Тагови: Марко Бислимовски поскапува парното Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ)

Промовирани огласи »

Владата им постави рок: Табличките на службените возила да се сменат до 15 септември

Владата издаде задолжение за промена на табличките на сите службени возила до 15 септември, за поголема транспарентност и отчетност.

Директорот на службата за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР), Ивица Томовски, соопшти дека Владата на денешната седница донела одлука - сите државни институции и јавни правни лица до 15 септември да ги променат табличките на возилата.


На денешната Владина седница беше донесена одлука: сите државни институции и јавни правни лица мора да ги променат регистарските таблици на службените возила со таблици во боја најдоцна до 15.09.2025 година.Со ова исполнуваме уште едно ветување – обележување на службените возила за зголемена транспарентност и отчетност.Крај на злоупотребите за приватни и партиски цели.Јавноста ќе може лесно да ги препознае службените возила.Институциите имаат јасен рок – време е за одговорност!, објави тој.

Тагови: Ивица Томовски СОЗР табличките на возилата

Промовирани огласи »

Работа од дома или канцеларија: Финансиска споредба за компаниите

Еве зошто некои компании никогаш повеќе нема да се вратат во канцеларија!

Пандемијата донесе една од најголемите трансформации во начинот на работа – далечинската работа. Денес, многу компании стојат пред одлука: дали да продолжат со работа од дома, да ги вратат вработените во канцеларија или да усвојат хибриден модел. Но, покрај продуктивноста и културата на компанијата, клучен фактор е и цената.

Ајде да направиме директна финансиска споредба.

1. Трошоци за простории и канцелариски опрема

Канцеларија: Најголемите фиксни трошоци доаѓаат од закуп, режиски трошоци, одржување, канцелариска опрема, мебел, безбедносни системи и кафе/вода/освежувања. За секој вработен се проценува месечен трошок од 150 - 400 евра, зависно од локацијата.

Работа од дома: Овие трошоци практично исчезнуваат. Компаниите може да обезбедат еднократен буџет за лаптоп, монитор и интернет, што е многу помалку на годишно ниво од одржување на канцелариски простор.

2. Сметки и режиски трошоци

Канцеларија: Електрична енергија, греење/ладење, интернет, одржување на простории – сите тие месечно ја зголемуваат сметката.

Работа од дома: Овие трошоци се префрлаат кај вработените (делумно или целосно), што значително го намалува товарот врз буџетот на компанијата.

3. Трошоци за пат и доаѓање на работа

Канцеларија: Многу компании покриваат или субвенционираат превоз за вработените, паркинг или дури и организиран транспорт.

Работа од дома: Овие трошоци целосно исчезнуваат.

4. Продуктивност и скриени трошоци

Канцеларија: Иако физичкото присуство нуди контрола и брза комуникација, често се губи време во социјализација, состаноци без агенда и патување.

Работа од дома: Може да ја зголеми продуктивноста, но само со добар менаџмент. Лошата комуникација или изолацијата може да доведат до скриени трошоци: изгубени клиенти, доцнење на проекти, намалена мотивација.

5. Ротација на кадарот и задржување

Флексибилноста која ја нуди работата од дома често резултира со поголемо задоволство и лојалност на вработените. Тоа значи помал трошок за регрутација и обука на нови кадри.

Од финансиски аспект, работата од дома често излегува поевтина и поодржлива за компаниите особено кога се работи за ИТ, маркетинг, дизајн и слични индустрии. Сепак, клучот е во правилно структурирање, јасни процеси и добра комуникација.

Комбинираниот хибриден модел станува сѐ попопуларен бидејќи нуди флексибилност, но и одредена структура со што ги оптимизира и трошоците и перформансите.

Дали нон стоп ве контролираат како работите, прочитајте и за: Овие 5 знаци откриваат дека сте жртва на микроменаџирање

Тагови: HR работа од дома совети за работа хибридна работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »