Промовирани огласи »

Фондот за пензиско преку СМС ќе известува за подигнување на решенија за пензија

Во рамките на Фондот работи нов кол центар, каде што граѓаните и осигурениците може да добијат информации за статусот на предметот или поднесеното барање, како и информ… See more

Граѓаните кои поднеле барање за остварување на право на пензија, од утре (29 јули), ќе бидат известувани со СМС пораки, каде и кога да го подигнат решението, информираат денеска од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување.

Оваа услуга, како што велат од Фондот, се воведува со цел избегнување на непотребните доаѓања на шалтерите од страна на граѓаните и намалување на гужвите, а воедно се поедноставува процедурата на работа и се намалуваат трошоците во работењето.

Откако решението ќе биде изготвено од службите до граѓаните што поднеле Барање за остварување на правото на пензија Фондот ќе ја достави пораката со следниот текст. „Вашето решение со бр.хххххххххххххх е изготвено. Истото можете да го подигнете во Филијалата/Деловницата на ФПИОСМ каде што е поднесено барањето, се наведува во соопштението.

Во рамките на Фондот, како што посочуваат оттаму,  работи нов Кол Центар каде што граѓаните и осигурениците може да добијат информации за статусот на предметот или поднесеното барање, како и информации за условите за стекнување на:- старосна пензија, семејна пензија, инвалидска пензија, најнизок износ на пензија, остварување на права со примена на меѓународни договори, остварување на права од Законот за работни односи и тоа скратено работно време, промена на работно место, непосредна опасност од настанување на инвалидност, утврдување на својство на осигуреници (земјоделци),  продолжено осигурување, упатени во странство и вработени во странство, посебни категории на осигуреници ( верски лица),  остварување на права за осигуреници со бенефициран стаж,  задршки од пензија, како и услови за остварување на право за сместување во пензионерски дом.

За подобрување на работата на Фондот и поедноставување на начинот со кој граѓаните ги остваруваат своите права од пензиското и инвалидското осигурување, во изминатиов период, како што велат од Фондот, преку новиот портал uslugi.gov.mk се воведени 13 електронски услуги.

Станува збор за Барање за остварување на право на старосна пензија,  Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – упатени работници во странство, Барање за издавање решение за утврдување на својство на осигуреник – вработени во странство, Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – верски службени лица, Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник- индивидуален земјоделец, Барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – продолжено осигурување, Барање за донесување на наод оцена и мислење за права од Законот за работни односи, Донесување наод, оцена и мислење согласно одредбите од Законот за вработување на инвалидни лица, Потврда за исплатени пензии во периоди, Потврда за исплатени пензии и спроведени задршки од пензија, Преглед за пресметан и платен данок од доход за исплатени пензиски примања, Потврда за сметка во банка, како и Потврда за корисник на пензија без податок за износ на пензија, се наведува во соопштението до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, се посочува во соопштението.

Од Фондот информираат дека во фаза на тестирање се и следните услуги, кои ќе бидат ставени во употреба во наредниот период и тоа: Барање за остварување на право на семејна пензија, Барање за остварување на право на инвалидска пензија, Барање за остварување на право на паричен надоместок за телесно оштетување, како и Издавање на дупликат решение.

Тагови: пензионери ФПИОСМ

Промовирани огласи »

Од полноќ поевтини горива

Точете по полноќ! Регулаторна со добра вест!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32 % во однос на одлуката од 21.7.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,449%, кај дизелот за 1,961%, кај екстра лесното масло за 1,301% и кај мазутот намалувањето е за 2,017%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,489%.

Од 29.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 39,412 (денари/килограм).

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Подготвени за летување со KARIERA.mk подароци

На 31 јули и 1 август, во периодот од 08:00 до 14:00 часот, очекувајте нè на Граничен Премин „Богородица“

Летото е совршен момент за нови авантури – и професионални, и патни! Оваа година, KARIERA.mk е тука да ви го разубави патувањето со позитивна енергија и летни изненадувања. На 31 јули и 1 август, во периодот од 08:00 до 14:00 часот, очекувајте нè на Граничен Премин „Богородица“ - подготвени сме со насмевки, подароци и добра вибрација за вашиот безгрижен одмор!

Нашата екипа ќе биде таму да ве поздрави токму кога тргнувате на летување – затоа не пропуштајте да застанете, да се освежите и да добиете нешто убаво од KARIERA.mk. Подароците се симболична поддршка за сите оние кои знаат дека и одморот и кариерата може да одат рака под рака.

Оваа кампања е дел од нашата летна иницијатива за да ве инспирираме да ги следите своите цели, без разлика дали сте на плажа или во потрага по нова можност. Следете нè на социјалните мрежи за повеќе изненадувања, и не заборавајте – и летото може да биде чекор напред во вашата кариера!

Промовирани огласи »

Вработување за квалитетите што вештачката интелигенција не може да ги замени

Во ерата на автоматизација, најважни се човечките вештини како емпатија, креативност и адаптибилност — токму оние што ги нема во алгоритмите.

Повеќе од вештини: Вработување според квалитетите што вештачката интелигенција не може да ги замени

Во време кога автоматизацијата и вештачката интелигенција (AI) се сè поизразени, многу работници се плашат дека машините ќе ги заменат. Но, додека AI е одлична во обработка на податоци и автоматизација на задачи, таа не може да го долови она што нè прави човечки — квалитетите кои се клучни за вистински успех во сложен и динамичен свет.

Традиционалните процеси на вработување, кои се базираат главно на технички вештини, често ги занемаруваат овие важни човечки квалитети: емотивна интелигенција, креативност, културна усогласеност, критичко размислување, прилагодливост и лидерство.

Емотивната интелигенција е незаменлива за градење доверба и тимска соработка, креативноста поттикнува иновации надвор од алгоритми, а лидерството инспирира и води кон успех. Вработување базирано на овие квалитети бара нови пристапи — од однесувачки интервјуа, психометриски тестови, тимски активности, до подлабоки референци.

Во иднината на работата, најважни ќе бидат луѓето кои не само што поседуваат вештини, туку и ги живеат човечките вредности: адаптибилност, емпатија и желба за учење. Машините ќе ни помагаат, но човечкиот допир останува незаменлив.

Тагови: вештачка интелигенција Лоша работна атмосфера

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »