Соработник за човечки ресурси

За компанијата: Основана во 2010 година, Д.Мед Медикал е првата приватна специјална болница во Македонија по Нефрологија со дијализа. Како дел од германската групација D.med Healthcare, дадовме значителен придонес во македонскиот здравствен систем, особено за пациентите на кои им е потребна хронична дијализа. повеќе за компанијата »

ПЗУ Специјална болница по нефрологија со дијализа ДИАМЕД Скопје за потребите на работниот процес објавува оглас за работнo место:  Соработник за Човечки Ресурси

Опис на работни задачи:

  • Подготовка и објавување на огласи за вработување;
  • Спроведување на постапка за засновање или прекин на работен однос;
  • Водење на персонални досиеа на вработените;
  • Изработка на договори за вработување;
  • Изготвување на други документи за вработените (потврди, решенија и сл.);
  • Подготовка и ажурирање на генералниот план за годишен одмор, прием на барања за годишен одмор и изработка на решенија за годишен одмор;
  • Организирање на систематски прегледи за вработените и водење на редовна евиденција;
  • Организирање на обуки за безбедност и здравје при работа, како и друг вид на обуки за вработените согласно потребите и планот за обуки;
  • Спроведување на дисциплинска постапка;
  • Проверка на работни часови;
  • Следење на законските и подзаконските измени и нивно имплементирање во секојдневното работење на компанијата и други работни задачи.

Потребни квалификации:

  • ВСС (Правен или Економски факултет);
  • Работно искуство на иста или слична работна позиција;
  • Познавање на законската регулатива од областа на работните односи;
  • Солидно познавање на Англиски јазик;
  • Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office.

Други карактеристики и вештини:

  • Способност за брзо учење;
  • Развиени комуникацски вештини;
  • Организираност, самоиницијативност и стручност.

Што нудиме:

  • Можност за професионален развој и надоградба;
  • Работа во компанија која е дел од странска групација;
  • Солидни и редовни месечни примања согласно законската и подзаконската регулатива во РМ.


Доколку сметате дека ги исполнувате погоренаведените услови, Ве охрабруваме да ни ја испратите Вашата биографија, со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате, и истата доставете ја најдоцна до 04.03.2018 година на следниот e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »