
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Наш Клиент е приватна компанија која работи во доменот на подготовка на здрава и готвена храна, под строго контролирани услови, која благодарение на својата високата професионалност и посветеност работи 9 години на македонскиот пазар. За нивните потреби, Декра ја огласува следната позиција:
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Излени и влезни фактури
- Изготвување на излезни фактури, нивна евиденција и наплата;
- Прием на влезни фактури, нивна евиденција, навремено изготвување на вирмани за плаќање и достава до банки за нивно извршување;
- Проверка на математичка исправност на излезни и влезни фактури ;
- Проверка на исправноста на влезните фактури од аспект на Законот за ДДВ, а ако на влезните фактури има ДДВ, проверка дали добавувачот е ДДВ обврзник;
- Поврзување на влезните фактури со приемница-испратница на добра и услуги;
- Изготвување на испратници за добра и услуги и нивно поврзување со излезни фактури;
- Изготвување и употреба на шифрарник по видови на добра и услуги, како и шифрирање на работењето по профитни центри;
- Прием на влезни фактури од странски добавувачи, нивна евиденција, спроведување на постапка за девизно плаќање;
- Регистрација на странски добавувач за задржување на данок;
- Постапка за повраток на ДДВ од странски донатори;
- Водење на евиденција за роковите на стасување за наплата и плаќање на побарувањата и обврските;
- Водење на евиденција за роковите на стасување на авансните излезни и влезни фактури и нивно оформување во конечни;
- Изготвување на извештаи до Народна банка на РМ;
- Архива на документација за склучени деловни договори;
- Изготвување на документи за порамнување на побарувања и обврски;
- Пресметка и плаќање на персонален данок во сите случаи кога за тоа постои основ за пресметување.
Благајна – денарска, девизна, картичка за гориво
- Сложување и уплата на дневен пазар;
- Прием и исплата на готовина и картички за гориво од благајна;
- Изготвување на дневен благајнички извештај;
- Водење на евиденција за дадени и вратени аванси по вработени;
- Изготвување на патни налози за службени патувања во земјата и странство и по основ на користење на сопствено возило за службени цели;
- Пресметка и плаќање на персонален данок кога за тоа има основ при вршењето исплата од благајната;
- Водење на евиденција по вработени по сите основи за исплата од благајната;
- Комплетирање на благајната за картички за гориво со фискални сметки за нивно искористување.
Банкарски сметки – денарски, девизни, картица
- Подигање на изводи од банкарските сметки;
- Комплетирање на изводите со вирманите за извршените исплати и проверка дали сите поднесени вирмани за плаќање се исправно спроведени од страна на банките;
- Чување на документацијата за отворените банкарски сметки, вклучително и потписните картони;
- Комплетирање на банкарските сметки за картици со документите по основ на кои е извршено плаќањето.
Плата и надоместоци
- Пријава и одјава на вработените;
- Пресметка на плата;
- Евиденција за пресметка на плата по вработен;
- Пресметка и евиденција на исплатени надоместоци по вработен, со пресметка и плаќање на персонален данок, доколку постои основ за пресметување;
- Пресметување и исплата на дивиденда и персонален данок;
- Подигање и распределба на здравствени картони;
- Изготвување и доставување на пропишани обрасци до надлежни институции;
- Архива на документација за вработени.
Кредитно работење
- Архива на склучени договори за кредит;
- Водење на евиденција за обврските по основ на кредити и нивна доспеаност;
- Навремено изготвување на вирмани за плаќање на обврските по основ на рати и камати од кредит.
Деловен имот
- Архива за деловен простор и имот
- договор за купопродажба;
- документација ( договори, ситуации, градежни книги, фактури ) за извршени градежни работи за доградување и поправки на деловниот простор;
- имотни листови;
- полиси за осигурување;
- евиденција на корисници на деловен простор.
- Архива за службени возила
- договори и фактури за купопродажба на возила;
- договори и фактури за наемнина на возила;
- полиси за осигурување;
- фактури за поправки и други набавки за возилата;
- годишна регистрација, каско, зелен картон, одржување;
- евиденција на корисници на возила.
- Компјутерска опрема
- персонални компјутери;
- сервери;
- лаптоп компјутери;
- принтери;
- телефони;
- друга опрема;
- полиси за осигурување;
- евиденција на корисници на компјутерска опрема.
- Мебел
- работни маси и бироа;
- работни столици и фотељи;
- друг мебел;
- полиси за осигурување;
- евиденција на корисници на мебел.
- Вложувања
- хартии од вредност;
- оснивачки удели во фирми.
Останати работи
- Архива на документацијата за основање и сите измени;
- Постапки за добивање на документација за:
- тендери
- бонитет
- јавни давачки
- стечај
- и друго
- Организација и спроведување на попис;
- Евиденција на корисници на мобилни телефони;
- Евиденција на корисници на интернет линии.
Контакт листа
- УЈП, Министерства, Централен регистар, Судови;
- Банки;
- Осигурување;
- Адвокат;
- Сметководство.
Работни задачи на сметководството
- Контирање и книжење на финансиска и материјална документација на синтетички и аналитички сметки;
- проверка на веродостојноста на документацијата;
- Пресметка на ДДВ и пополнување на пропишан образец;
- одговорно и точно пресметување на излезно и влезно ДДВ;
- Соработка околу организација и вршење на попис;
- Пресметка на месечна обврска за данок на добивка со изготвување на образец и вирман за плаќање;
- Работење со евентуални инспекција и ревизија;
- Составување на извештаи за потребите на Државниот Завод за статистика;
- Изготвување на годишна сметка;
- Изготвување на консолидирана годишна сметка;
- Изготвување на месечни извештаи за работењето;
- Аналитичка евиденција на работењето по профитни центри;
- Пресметка на амортизација на основните средства.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Најмалку 3 години работно искуство од областа на сметководство;
- Завршено Високо Образование од облсаста на екомонијата или бизнисот според ЕКТС;
- Уверение за овластен лиценциран сметководтел;
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско и сметководствено работење;
- Познавање на Англиски јазик.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Организираност, прецизност, аналитичност и флексибилност;
- Способност за мултитаскинг и работа со крајни рокови;
- Професионалност, работна етика и доверливост во однос на информации и податоци.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 20/11/2018.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат директно контактирани од страна на клиентот и повикани на интервју.
Слични огласи »