СЛ МАЈНИНГ ДООЕЛ Скопје лого

Бравар заварувач

  • Објавен пред 3 недели
  • СЛ МАЈНИНГ ДООЕЛ Скопје
  • Активен до 12.06.2025
  • Позиција: Електро-машински техничар/Техничар
  • Локација: Скопје

Скопски Легури Мајнинг ДООЕЛ Скопје бара  БРАВАР ЗАВАРУВАЧ

Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:

  • Диплома за завршено средно образование;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Претходно работно искуство минимум 1 година ,
  • Лична и професионална ефективност, организациски способности, одговорност, исполнителност и лојалност.

Работни обврски:

  • Рачно кислородно сечење.
  • Рачно лачно, гасно и полуавтоматско заварување на делови, склопови и конструкции изработени од јаглеродни и конструкциски челици, обоени метали и легури, делови, склопови, конструкции и цевководи изработени од јаглеродни челици во сите позиции на заварување.
  • Право и закривено сечење со кислород во различни позиции на метали, делови изработени од јаглеродни и легирани челици, обоени метали и легури според рачно обележување.
  • Прицврстување на делови, производи, конструкции во сите просторни позиции.
  • Чистење на споеви по заварување и сечење.

Компанијата нуди:

Работа со редовно работно време од 40 часа неделно, прва смена, со обезбеден оброк, годишен одмор од 24 работни дена, во конкурентна средина и одличен финансиски надомест со потенцијал за напредување.

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата Биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за - Оглас за бравар заварувач, апликациите ќе се прифаќаат до 14.06.2025 година.

Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.

Ви благодариме
 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »