Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара посветен и мотивиран правен соработник да се приклучи на нашиот тим.
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
Одговорности и работни задачи:
- Подготовка на корпоративна документација;
- Изготвување на договори, интерни акти и други правни документи;
- Следење и анализа на законски и подзаконски прописи од трудовата област;
- Правна поддршка на членките во рамки на организацијата;
- Деловна комуникација со министерства, државни институции, адвокати, компании и трети лица;
- Меѓународна соработка со странски институции;
- Учество во административната работа на организацијата;
- Поддршка при организирање на настани, конференции, семинари;
- Учество во проекти;
- Други тековни обврски
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Способност за работа во тим
- Самоиницијативност
- Одлични комуникациски вештини
- Организираност и внимание на детали
- Истражувачки и аналитички вештини
Зошто да ни се придружите?
Работната позиција е со полно работно време од понеделник до петок со можност за работа на неопределено работно време.
Доколку сакате да бидете дел од тимот кој е посветен на подобрување на работничките права во Македонија и прави општествени промени, во КСС имате можност да работите на значајни и влијателни правни прашања.
КСС нуди можности за професионален развој преку учество на семинари, конференции, обуки, работилници, школи во земјата и во странство.
Доколку сте заинтересирани за оваа работна позиција аплицирајте со доставување на CV на македонски јазик на следната e-mail адреса [најави се за да го видиш е-маилот]
Ве молиме во Subject наведете: Име_Презиме_Апликација за правен соработник
Рокот за аплицирање е најдоцна до 26.09.2025 година
Вашата апликација ќе се третира строго доверливо. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју. Со аплицирање на оваа работна позиција се согласувате Вашите лични податоци да се собираат, обработувааат и чуваат за потребите на процесот на регрутација. По завршување на регрутацијата податоците се чуваат во согласност со законските прописи. Согласноста можете да ја повлечете во секое време со испраќање на меил на [најави се за да го видиш е-маилот]