
За компанијата:
Парти Сервис Лео e една од најголемите водечки компании во иновативните процеси на производство, дистрибуција и послужување на вкусна и свежа храна на територијата на Република Северна Македонија. Нашата... повеќе за компанијата »
МЕНАЏЕР ЗА МАРКЕТИНГ
(1 позиција, Скопје)
Потребни квалификации
- Високо образование (маркетинг, економија, бизнис администрација или сродна област)
- Минимум 2–3 години работно искуство во маркетинг
- Познавање на дигитален маркетинг и социјални медиуми
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Креативност и аналитичко размислување
- Познавање на англиски јазик
Работни одговорности
- Развивање и спроведување на маркетинг стратегии и кампањи
- Анализа на пазарот, конкурентите и трендовите
- Управување со дигитални маркетинг канали (социјални мрежи, веб страница, email маркетинг)
- Планирање и реализација на рекламни активности
- Следење и анализа на резултатите од маркетинг кампањите
- Координација со маркетинг тимот и надворешни партнери
- Подготовка на извештаи и предлози за подобрување на маркетинг активностите
- Управување со маркетинг буџетот
На кандидтаот му нудиме
- Конкурентна плата
- Можност за професионален развој
- Динамична и креативна работна средина
- Работа во професионален тим
- Подарок за роденден
- Организирана исхрана и платен превоз
- Колективно осигурување 24/7
Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV на е-маил [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “Менаџер за Маркетинг”
Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од ПАРТИ СЕРВИС ЛЕО ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.


Слични огласи »