Промовирани огласи »

Најди работа во Скопје!

Најновите огласи за работа во Скопје!

Скопје како главен град и економски центар на Македонија нуди широк спектар на можности за вработување во разни индустрии и сектори. Во последно време, пазарот на трудот во Скопје забележува зголемена побарувачка за професионалци од различни области, од технологија и маркетинг до угостителство и администрација. 

Еве некои од најновите и најпопуларни огласи за работа во градот:

Агент во контакт центар - германски јазик
Агент за телефонска продажба - германски јазик
Senior Accounting Specialist
Пица мајстор (м/ж)
Келнер/ка

Останатите оглси за во Скопје можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Најновите огласи за работа во Тетово!

Промовирани огласи »

Колку често треба да го чистите клима-уредот?

Не ја вклучувајте климата пред да го проверите ова!

Клима-уредот е еден од уредите без кои тешко можеме да го замислиме летото, а сè почесто го користиме и во текот на зимата. Но, за да работи ефикасно и да обезбедува чист воздух, важно е редовно да го одржуваме.

Со текот на времето, филтрите и внатрешноста на клима-уредот собираат прашина, нечистотии, полен и други честички. Доколку не се чисти редовно, уредот може да работи потешко, да троши повеќе електрична енергија и да испушта непријатен мирис.

Колку често треба да ги чистите филтрите?

Филтрите на клима-уредот е препорачливо да се проверуваат и чистат на секои 2 до 4 недели во периодите кога климата се користи често.

Доколку имате домашни миленици, пушите во домот или во просторијата има многу прашина, филтрите може да треба да се чистат и почесто.

Чистењето најчесто е едноставно филтрите се вадат, се чистат од насобраната прашина и се мијат според упатството на производителот. Пред повторно да ги поставите, треба целосно да се исушат.

Освен редовното чистење на филтрите, клима-уредот треба периодично да се проверува и темелно да се исчисти. За повеќето домаќинства, професионален сервис еднаш годишно е добра практика, особено пред периодот на интензивно користење.

При сервисирањето се проверуваат и чистат делови до кои не можеме лесно да пристапиме сами, а се проверува и дали уредот работи правилно.

Како да знаете дека климата има потреба од чистење?

Постојат неколку знаци кои не треба да ги игнорирате:

  • климата дува послабо од вообичаено
  • се чувствува непријатен мирис при вклучување
  • просторијата потешко се лади или загрев
  • уредот работи подолго за да ја постигне посакуваната температура
  • се појавува необична влага или истекување вода
  • се слушаат звуци кои претходно не ги имало.

Редовното одржување не значи само почист воздух. Чистиот и правилно одржуван клима-уред може да работи поефикасно, да има подолг работен век и да помогне да избегнете непотребни дефекти и трошоци.

Тагови: зима клима уреди лето најчист воздух

Промовирани огласи »

Кој ќе има најмногу работа до 2035 година: Ова се 12 најбрзорастечки занимања

Здравството, енергетиката и технологијата го преземаат врвот

Иако голем дел од дебатата за иднината на работата се врти околу прашањето кои работни места ќе бидат елиминирани од вештачката интелигенција, податоците ја покажуваат другата страна на приказната. Некои професии не само што нема да исчезнат, туку бројот на луѓе што ги извршуваат значително ќе се зголеми во следната деценија.

„Веќе сосема јасно постојат три главни насоки што го менуваат пазарот на трудот: стареењето на населението, енергетската транзиција и технологијата“, пишува „Бизнис инсајдер“.

Бирото за статистика на трудот на САД објави нови проекции за вработување за периодот од 2025 до 2035 година. Меѓу дванаесетте занимања со најбрз очекуван раст се здравствените работници, специјалистите за безбедност на податоци и информации, како и инсталатерите на соларни панели и техничарите за ветерни турбини.

Според проекциите, бројот на медицински сестри со напредни овластувања (медицински сестри практичари) ќе расте најбрзо — за дури 41 процент. Во Соединетите Американски Држави, станува збор за високообразовани здравствени работници кои во многу федерални држави можат да извршуваат дел од обврските што некогаш беа резервирани исклучиво за лекарите.

Веднаш зад нив доаѓа занимање кое речиси и не постоеше во сегашната форма пред неколку децении — инсталатери на соларни фотоволтаични системи, со очекуван раст на вработеноста од 36,5 проценти.

На третото место се експертите за податоци (data scientists), чиј број би можел да се зголеми за 34,6 проценти.

Здравството, енергетиката и технологијата го преземаат врвот

Листата од дванаесет занимања со највисок очекуван процент на раст во САД изгледа вака:

Здравството, енергетиката и технологијата го преземаат врвот

Разликите во образованието потребно за влез во овие професии се големи. Диплома за завршено средно образование со соодветна стручна обука е обично доволна за инсталатер на соларни панели во САД, додека за напредни медицински сестри, лекарски асистенти и истражувачи во компјутерски науки генерално е потребна магистерска диплома. Ова е важен детаљ бидејќи покажува дека иднината на пазарот на трудот не им припаѓа исклучиво на високообразованите технолошки експерти.

Едно од најбрзо растечките занимања ќе биде многу практично — луѓе кои монтираат и одржуваат соларни системи. Како што цената на соларните системи опаѓа и сè повеќе домаќинства и компании ги користат, така расте и потребата од стручњаци кои знаат како да ги инсталираат и одржуваат. Сличен процес се случува и со енергијата на ветерот.

Во исто време, експлозијата од податоци ја зголемува потребата од експерти кои можат да ги анализираат. Се очекува и зголемување на бројот на истражувачи во компјутерските и информатичките технологии, меѓу другото и поради интензивниот развој на вештачката интелигенција.

Најголемата промена сепак нема да дојде од технологијата

„Иако во последниве години речиси секоја прогноза за иднината на работата се гледаше низ призмата на вештачката интелигенција, еден многу постар процес би можел да има уште поголемо влијание — луѓето живеат подолго“, соопштуваат од Американското биро за статистика.

Стареењето на населението ја зголемува потребата од здравствена заштита, долгорочна нега, рехабилитација и управување со сè посложени здравствени системи. Затоа дури шест од дванаесетте најбрзо растечки занимања на американската листа се директно поврзани со здравствениот сектор.

Американското биро за статистика очекува економијата на САД да добие околу 5,9 милиони нови работни места меѓу 2025 и 2035 година, што претставува раст од 3,5 проценти — значително побавно од растот од 10,9 проценти забележан во претходната деценија.

Но, растот нема да биде рамномерно распределен. Приватното здравство и социјалната грижа треба да создадат најголем број нови работни места, првенствено поради демографските промени и зголемената преваленца на хронични заболувања.

Во исто време, технолошкиот бум ќе има последици и во сектори што на прв поглед не се поврзани со софтверот. Центрите за податоци (data centers) бараат огромни количини електрична енергија, па затоа се очекува американскиот комунален сектор да порасне за околу десет проценти — побрзо од повеќето главни сектори.

Што се очекува во Европа?

Европските прогнози покажуваат речиси идентична насока. Најновата проекција на Европскиот центар за развој на стручно оспособување (Цедефоп) за пазарот на трудот до 2035 година покажува дека вработеноста во ЕУ ќе расте скромно — нешто повеќе од четири проценти меѓу 2023 и 2035 година. Но, зад тој просек се кријат големи престројувања меѓу секторите.

Трите сили што го менуваат американскиот пазар на трудот го обликуваат и европскиот: дигитализацијата, зелената транзиција и стареењето на населението.

ИКТ сектор: Цедефоп очекува вработувањето на ИКТ експерти и техничари во ЕУ да расте во просек за 2,5 проценти годишно до 2035 година, иако разликите меѓу земјите се големи — од околу 1,3 проценти годишно во Германија и Италија до дури 7,8 проценти во Романија.

Енергетика: Производството на електрична енергија треба да биде меѓу секторите со највисок раст на вработеноста, околу два проценти годишно на ниво на ЕУ, додека во некои земји се очекуваат стапки од четири и повеќе проценти.

Здравство и нега: Стареењето на европското население ја зголемува потребата од здравствени професионалци, медицински асистенти и негуватели. Цедефоп очекува вработеноста во овие занимања да расте за речиси еден процент годишно. Европската агенција за труд веќе предупредува дека недостигот на медицински кадар е сериозен и широко распространет низ целиот континент.

Европа не се соочува со поинаква иднина од Америка. Од двете страни на Атлантикот, истите големи трендови го отвораат најголемиот простор: постарото население бара повеќе луѓе кои ќе се грижат за нивното здравје, дигиталната економија бара експерти за податоци, а енергетската транзиција бара инженерски и практичен кадар за новата зелена инфраструктура.

Тагови: здравство работа

Промовирани огласи »

На Трамп му пречат празниците: Сака работниците да работат повеќе

Помалку празници, повеќе работа? Трамп ја отвори дебатата во Америка

Американскиот претседател во објава на Truth Social се осврна на бројот на неработни празници во земјата, оценувајќи дека затворањето на бизнисите за време на празниците ја чини американската економија милијарди долари.

Премногу неработни празници во Америка. Тоа ја чини нашата земја милијарди долари за да ги одржува сите овие бизниси затворени. Ни работниците не го сакаат тоа, напиша Трамп.

Тој дури предупреди дека, ако продолжи ваквиот тренд, може да дојде до ситуација во која „ќе имаме празник за секој работен ден во годината“.

Изјавата привлече дополнително внимание бидејќи беше објавена на 19 јуни, денот на Juneteenth, федерален празник во САД. Сепак, Трамп не побара директно укинување на овој празник, туку зборуваше пошироко за бројот на неработни денови.

Прашањето што останува е интересно и за работниците и за работодавачите: дали повеќе слободни денови значат подобар баланс и поголемо задоволство кај вработените, или, пак, претставуваат дополнителен трошок за компаниите и економијата?

Од една страна, одморот е важен за продуктивноста и благосостојбата на работниците. Од друга, секој ден во кој дел од бизнисите не работат носи и одредени економски последици.

Тагови: Доналд Трамп државни празници пари работнички права трошоци

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »