
(преземи го огласот како PDF)
Shield Recruitment & HR бара 2 (две) Инженери/ки по градежништво за својот клиент- реномирана меѓународна компанија од областа на градежништвото.
Работно место: Бенгази, Либија
Работни обврски и одговорности:
- Целосна анализа на градежната фаза според потребите на компанијата и проектите;
- Ангажирање и проектирање на градежни активности планирани од компанијата;
- Надгледување на градежниот процес и координација на градежните активности;
- Професионални препораки во врска со проекти изработени од проектантските компании за потребите на компанијата;
- Извршување на други задачи поврзани со градежништвото, вклучувајќи давање на стручно знаење за менаџментот, унапредување на постојните проекти, учество во имплементација на проекти на компанијата итн.;
- Организација/поддршка при извршување на работи и давање инструкции на изведувачите на компанијата, како и надгледување на извршувањето на работите во согласност со плановите и утврдените приоритети;
- Извршување на технички анализи и подготовка на инженерски извештаи за напредокот, трошоците и предизвиците кај патните проекти;
- Примена на законски и технички регулативи во областа на патната инфраструктура;
- Планирање на извршување на работи, ангажирање на ресурси и надзор на работата;
- Информирање на раководителите за текот на активностите според потребите и барањата на локацијата;
- Водење прецизни и редовни белешки и извештаи за извршените и планираните работи и редовно известување до раководството;
- Прифаќање на задачи од директорот или неговиот овластен претставник и нивна имплементација на терен;
- Покрај наведените обврски, извршува и други задачи по налог на директниот надзорник;
- Наведените задачи и одговорности се индикативни.
Квалификации:
- Дипломиран градежен инженер – со насока Патна инфраструктура;
- Минимум 3 години работно искуство на проекти од патна инфраструктура;
- Длабоки стручни познавања, одлични истражувачки, аналитички и организациски вештини;
- Познавање на стандардни софтвери (MS Office, CAD, Eurocode и соодветни програми);
- Познавање на англиски јазик;
- Добри меѓучовечки вештини и способност за тимска работа;
- Самоиницијативност и подготвеност за преземање одговорност;
- Добри организациски вештини;
Наведените квалификации се индикативни.
Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат преку веб-страницата на Shield Recruitment: 👉 https://shieldrecruitment.org/ до 25 јули 2025 година до 16:00 часот.
Ќе бидат контактирани само кандидатите чии биографии ќе бидат селектирани.
Вашето CV е безбедно кај нас и ќе биде третирано со целосна доверливост.
Слични огласи »