Раст на населението во Eвропската Унија(ЕУ) има четврта година по ред.
На 1 јануари 2025 година, населението на Европската Унија се проценува на 450,4 милиони жители, што е за 1.070.702 повеќе од претходната година. Ова беше четврта година по ред во која населението на ЕУ се зголеми, по намалувањето во 2021 година предизвикано од последиците од пандемијата Ковид-19.
Забележаниот раст на населението може во голема мера да се припише на зголемените миграциски движења по пандемијата, објави Европскиот завод за статистика - Евростат.
Од 2012 година, негативниот природен прираст (повеќе смртни случаи отколку раѓања) на населението на ЕУ е надминат од позитивната нето миграција.
Кога се гледа во поширок временски период, населението на ЕУ пораснало од 354,5 милиони во 1960 година на 450,4 милиони на 1 јануари 2025 година, што е зголемување од 95,9 милиони луѓе.
Бројот на жители на земјите од ЕУ на 1 јануари 2025 година се движел од 83,6 милиони во Германија до 0,6 милиони во Малта. Германија (19 проценти од населението на ЕУ), Франција (15 проценти) и Италија (13 проценти) беа најнаселените земји во ЕУ, сочинувајќи речиси половина (47 проценти) од вкупното население.
Меѓу 19-те земји од ЕУ кои забележаа највисоки стапки на раст на населението, Малта (19 проценти на 1.000 луѓе) беше водечка, по што следуваа Ирска (16,3 проценти) и Луксембург (14 проценти).
Помеѓу 1 јануари 2024 и 2025 година, осум земји од ЕУ забележаа пад на населението и тоа Латвија (бруто стапка на вкупна промена на населението од -9,9 проценти на 1.000 луѓе), Унгарија (-4,7), Полска и Естонија (-3,4 проценти).
Тагови: ЕУ раст на населението