ГПОВЕР ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ лого

Електро инженер

За компанијата: Продажба на електро напојувања, агрегати за струја, непрекинати наопојувања - УПСи, стационарни акомулатори-батерии. повеќе за компанијата »

Електро инженер

ГПОВЕР Инженеринг Дооел е специјализирана за системи за резервно и непрекинато напојување (UPS системи, генератори, исправувачи и батериски решенија) објавува конкурс за вработување на:

🔹 Работно место: Електро инженер

🔹 Локација: [Скопје/Разловечко Востание 26, Карпош 4]

Опис на работни задачи:

  • Проектирање, инсталација и пуштање во работа на системи за резервно и непрекинато напојување
  • Дијагностика, одржување и сервисирање на постоечки системи
  • Подготовка на техничка документација и понуди
  • Комуникација со клиенти и обезбедување техничка поддршка

Квалификации:

  • Дипломиран електро инженер (ЕТФ/ФЕИТ или еквивалент)
  • Познавање на електроенергетски системи и автоматика
  • Познавање на ИТ системи, мрежи, апликации (LAN/WAN, сервери, интернет инфраструктура)
  • Добро познавање на англиски јазик и работа со MS Office
  • Способност за тимска и самостојна работа
  • Подготвеност за работа на терен
  • Возачка дозвола

Квалификации за предност:

  • Поседување на Овластување за изведба, проекирање и надзор
  • Искуство во проектирање, изведба и надзор на електрични инсталации
  • Работно искуство во областа на Електрични напојувања

Нудиме:

  • Можност за работа во динамична и растечка компанија
  • Континуирана обука и унапредување на знаењата
  • Атрактивни услови за работа и соодветна финансиска надокнада
  • Долгорочна стабилност и можности за професионален развој
  • Нето плата помегу 45.000 и 90.000 во зависност од квалификациите
  • Перформанс бонус
  • Животно осигурување
  • Приватно здравствено осигурување

Заинтересираните кандидати да испратат CV и мотивациско писмо (опционално) на: [ [најави се за да го видиш е-маилот] ]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »