Плата од 35.000 ден.
(преземи го огласот како PDF)
Друштвото за консалтинг РАФАЈЛОВСКИ КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје објавува:
О Г Л А С
за пополнување на слободно
работно место ПРЕВЕДУВАЧ-КОРЕСПОНДЕНТ
Работниот однос ќе се заснова на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на договорот и трансформација на истиот на неопределено време.
Платата за извршување на работните задачи ќе изнесува најмалку 35.000, денари
ШТО НУДИМЕ?
- Дополнително приватно здравствено осигурување
- Компетитивна плата од најмалку 35.000 денари
- Можност за доквалификации
- Пријатна работна атмосфера
Кандидатите покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи потребно да ги исполнуваат следните квалификации:
- Завршено Високо Образование (ВСП)(Филолошки Факултет)
- Одлично познавање на деловен англиски јазик (пишување, зборување и превод)
- Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office)
- Со или без работно искуство
Потребни документи:
- Писмо за интерес
- Биографија (CV)
- Уверение за потврда на завршено образование
Документите да се достават на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат земени во предвид само заинтересираните лица кои потребните документи ќе ги достават по e-mail.
Огласот трае Осум (8) дена од денот на објавувањето.