
ЕМБС: 4180909
Индустрија: Трговија
Адреса: Ул. Коста Шахов бр. 6 лок.1
Град: Скопје
Компанијата ПОНИР е формирана во октомври 1990 година, што нѐ прави една од првите и најстарите приватни комании на пазарот во Република Македонија. Услугите кои ги нуди ПОНИР се состојат од набавка и трговија со сите видови на хартија.
Нашата цел е да им излеземе во пресрет на желбите и побарувањата на нашите клиенти и истите да ги задоволиме на најсоодветен начин. Ова успешно го правме веќе 25 години, за што зборува долгогодишната соработка со повеќе компании, печатници, фотокопирници, студија за дизајн и сл., кои својата успешна работа ја темелат на дел од нашите производи.
За да ја олесниме работата на нашите клиенти и во име на добра соработка, располагаме со сопствен магацински простор и вршиме испорака на робата до нивните седишта и филијали. Испораката секогаш ја вршиме навремено, во предвидените временски рокови и квалитетно, за што говорат препораките од нашите клиенти.
Моментално нема активни огласи.