
ЕМБС: 4848942
Индустрија: Компјутери и електроника
Адреса: Партизански одреди бр. 62
Град: Скопје
Во светот денес ИТ не е само кратенка, туку е и дел од нашите секојдневни животи. Веќе со години компјутерите го менуваат начинот на кој комуницираат луѓето, на кој функционираат бизнисите, а општествата еволуираат. Основана речиси пред дваесет години, во време кога модерната технологија се уште беше научна фантастика, Дигит компјутерски инженеринг е пионер и служи како пример во брзиот развој на ИТ секторот во Македонија. Иако нашата компанија преживуваше во сурови геополитички превирања, сепак ја зачува улогата на водач во
динамичниот ИТ сектор кој секојдневно се менува. Дигит компјутерски инженеринг отсекогаш се стремела кон стабилен развој и напредок преку спроведување најсовремени концепти како што е постојано образование на човековите ресурси. Пристапот на нашата компанија се базира на искористување на сеприсутноста на ИТ со цел да се подобри конкурентноста на нашите бизнис клиенти и да се одговори на животниот стил на нашите крајни корисници. Како клучен фактор за развој, ефикасност и подобар квалитет на животот, информациската технологија е во самата основа на нашиот бизнис модел.
Моментално нема активни огласи.