
ЕМБС: 6297498
Индустрија: Здравство
Адреса: ГОРАН СТЕФАНОВСКИ 20/1-л2Аи2
Град: Скопје
Дентал арт е современа стоматолошка поликлиника сместена во центарот на Скопје, во која можете да добиете целосен третман во удобна и релаксирачка средина. Основана од спец.др. Соња Ристеска Стојаноска во 2006, оваа клиника е опремена со најнови материјали и техничка опрема со цел да обезбедиме квалитетна нега за нашите пациенти, без дополнително чекање.
Дентал арт нуди и високо квалитетни третмани во своите специјалности ортодонција и орална хирургија со имплантологија како и од општа и естетска стоматологија , пародонтологија и лицева естетика. Нашиот тим е посветен на оралното здравје на Вашето цело семејство, нудејќи топла и пријатна средина за деца и возрасни. Се трудиме да ги направиме Вашите посети удобни, а Вашите третмани да бидат завршени брзо и ефикасно.