
Помошник раководител на сектор за инспекциски работи - Помошник главен инспектор
- Објавен пред една недела
- Општина Кисела Вода
- Активен до 31.07.2025
- Позиција: државен службеник
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Инженерство и технологија - градежништво, Инженерство на животна средина или Друго инженерство и технологии (урбанизам сообраќај, транспорт)
- најмалку 4 (четири) години работно искуство по дипломирањето од кои најмалку 1 (една) година како инспектор
Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни
- раководење и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник-петок
- Работни часови: 40 неделно
- Работно време: од 08:00 до 16:00
Паричен нето износ на плата: 50.263,00 денари