
Помлад ревизор за ревизија на субјектите од областа на трудот, социјалата, работните односи, пензиското и инвалидското осигурување, Одделение за ревизија на субјекти од областа на трудот, социјалата, работните односи, пензиското и инвалидското осигурување, Сектор за ревизија на субјекти од областа на трудот, социјалата, работните односи, пензиското и инвалидското осигурување, образованието и културата
- Објавен пред една недела
- Државен завод за ревизија
- Активен до 02.05.2025
- Позиција: државни службеници
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки (економија и бизнис, право или други општествени науки)
- со или без работно искуство во струката
Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник-петок
- Работни часови: 40 неделно
- Работно време: од 08:00 до 16:00
Паричен нето износ на плата: 44.219,00 денари