Промовирани огласи »

Дали денес во IT се заработува помалку од претходно?

Конкуренцијата расте, платите паѓаат: Која е новата реалност за IT работници? Благодарение на AI, аутсорсингот и масовните отпуштања, платата само оди надолу.

Во последната година, технолошките работници се соочија со намалување на платите за 20%, поради фактори како што се развојот на вештачката интелигенција, аутсорсингот и масовните отпуштања. Бројот на понуди за ИТ позиции е намален за 30% од 2020 година наваму, што ги принудува работниците да прифаќаат пониски плати.

Во 2024 година, во САД беа отпуштени повеќе од 300.000 технолошки работници, што ја влоши конкуренцијата. Аутсорсингот исто така ја зголеми конкуренцијата, бидејќи 40% од ИТ работниците во САД се натпреваруваат со кадар од земји со пониски трошоци за работна сила. Напредокот на AI автоматизира многу улоги, додека само специјализираните области како развој на AI остануваат профитабилни. Сепак, технолошкиот сектор генерално бележи пад на платите, особено во помалку специјализираните области.

Дали денес во IT се заработува помалку од претходно?

Тагови: вештачка интелигенција плата

Промовирани огласи »

Радикално скратувањето на работната недела: Дали во иднина ќе работиме само два дена?

Бил Гејтс предвидува револуција во работната недела поради напредокот на вештачката интелигенција.

Стандардната работна недела, од девет до пет, можеби станува историја. Основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс, верува дека вештачката интелигенција (AI) ќе ги замени луѓето на повеќето работни места, овозможувајќи работа само два дена неделно. Тој нагласува дека AI ќе ја направи „интелигенцијата бесплатна“, со далекусежни последици за пазарот на трудот.

Ризици и предизвици

Гејтс алудира на доаѓањето на вештачката општа интелигенција (AGI), кога AI ќе ги надмине способностите на луѓето во многу области. Тој предупредува на суштински промени во вработувањето, каде што многу работни места ќе исчезнат. Џефри Хинтон дополнително истакнува дека може да се создаде нееднаквост во општеството, а иднината ќе зависи од поддршка на луѓето и без класично вработување.

Етички дилеми и визии за иднината

Иако визијата на Гејтс за изгледот на работата звучи примамливо, се појавуваат важни етички прашања: кој ќе ја контролира оваа напредна технологија и како ќе се користи? Ватикан предупредува за потенцијалните опасности, ако AI се најде „во погрешни раце“. Радикалното кратење на работната недела изгледа како сон, но полн со непознати. Светот на работата е пред големи промени, и тоа побрзо од кога било.

Тагови: Microsoft вештачка интелигенција работна недела Бил Гејтс

Промовирани огласи »

Цените на горивата драстично се разликуваат од земја до земја – и тоа не е случајно. Економските услови, политичките одлуки и географската положба играат клучна улога во формирањето на цената што граѓаните ја плаќаат на бензинските пумпи.

На самиот врв на листата со најскап бензин се наоѓа Хонг Конг, каде литар ЕУРОСУПЕР 95 чини дури 3,45 евра – тоа се околу 215 денари! Следуваат Исланд со цена од 2,35 евра, Данска (2,21 €), Холандија (2,20 €) и Лихтенштајн (2,14 €).Причината за овие високи цени најчесто лежи во високите државни даноци, но и во трошоците за увоз и складирање на горивото, особено кај земјите кои немаат сопствена нафта.

Од другата страна на спектарот, нафтата е речиси бесплатна. Во Либија, литар бензин чини само 0,027 евра, што е отприлика 1,7 денари. По неа следат Иран со 0,029 евра и Венецуела каде литар гориво се продава за само 0,035 евра.

Овие ниски цени се резултат на државно субвенционирање и големи домашни резерви на нафта, што им овозможува на овие земји да ја одржуваат цената на бензинот вештачки ниска.

Тагови: гориво цени на горивата

Промовирани огласи »

Која е најдобрата такси служба во Скопје?

Tакси услугите во Скопје доживеа значителен напредок и модернизација

Во последниве неколку години, такси услугите во Скопје доживеа значителен напредок и модернизација. Со зголемената конкуренција и потребите на граѓаните за сигурен, брз и удобен превоз, неколку такси компании се издвојуваат како најбарани и најдоверливи во главниот град.

Најбарани и најпопуларни такси компании во Скопје:

🚕 Global Taxi (Глобал Такси)

Една од најпрепознатливите такси компании во Скопје. Познати се по брзината, професионалноста и чистите возила.

Телефон: 15180

Мобилна апликација: Да

🚕 Nashe Taxi (Наше Такси)

Долгогодишна компанија која важи за многу сигурна, со пристојни цени и корисничка поддршка.

Телефон: 15152

🚕 Експрес Такси Скопје

Експрес Такси е една од постарите служби во Скопје, со стабилна клиентела и познати по тоа што секогаш имаат слободно возило, дури и во шпиц термин.

Мобилен: 070 451 157

🚕 Вардар Такси

Најчесто го избираат луѓето кои сакаат сигурна услуга без изненадувања. Идеален избор за секојдневно движење низ градот.

Телефон: 15195

Цени и начини на плаќање

  • Цените на такси услугите во Скопје во последниве години се движат во стандардни рамки:
  • Почетна тарифа: 50 денари
  • Цената по километар: од 23 до 27 денари, во зависност од компанијата

Повеќето компании овозможуваат и плаќање со картичка, преку мобилна апликација или во готово. Во последно време, сѐ поголем број корисници користат и мобилни апликации за нарачка на возило со точна локација.

Тагови: такси цени

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »