Сѐ поголем број млади ја напуштаат Македонија во потрага по подобар живот надвор од границите на државата. И покрај постоењето на различни програми за младинско вработување и поддршка на стартапи, реалната слика покажува дека тие не се доволни за да ги задржат младите дома.
Според последните податоци на CEIC, младинската невработеност во декември 2024 година достигнала дури 32,3%. Ова ја става Македонија меѓу земјите со највисока невработеност во Европа, со двојно повисока стапка од просекот на Европската Унија. Според податоците на CEIC, младинската невработеност во земјата во декември 2024 година изнесувала 32,3%. Тоа ја позиционира Македонија меѓу водечките земји во Европа со највисока невработеност кај младите, речиси двојно повеќе од просекот на ЕУ (околу 15%).
Во споредба, младинската невработеност во: Бугарија - 13%, Албанија изнесува околу 20%, Косово - 34% (највисока во регионот), Србија – 24%, Босна и Херцеговина - 27%, Црна Гора - 28%, Хрватска - 17%
Паралелно, анкетата на Вестминстер фондацијата за демократија (WFD) открива дека 62% од младите во Македонија размислуваат да се иселат, а 77% од нив не планираат враќање. Ова се највисоки проценти во регионот, заедно со Косово и Албанија, каде процентот на потенцијални емигранти е над 60%.
Во изминатите пет години, од земјата заминале околу 60.000 млади лица, според податоците од Евростат и домашните институции. Најчести дестинации: Германија, Италија, Австрија и Чешка – земји што нудат подобри плати, стабилност и развојни можности.
Причините за оваа масовна емиграција се добро познати: недостаток на квалитетни работни места, ниски плати, ограничени можности за кариерен напредок, корупција и општа недоверба во институциите.
Тагови: Европска Унија Евростат ТАВ Македонија