Промовирани огласи »

Нова епизода од На Каде Одиме? со Ненад Вржалски (SupportKocani) - Во Кочани се чувствува болката на секое катче

Колку повеќе донации, толку помалку луѓето се чувствуваат сами.

Во седмата епизода од поткастот „НА КАДЕ ОДИМЕ“, зборуваме за солидарноста која се појавува токму кога најмногу ни треба. Наш гостин е Ненад Вржалски – еден од основачите на хуманитарната иницијатива Support Kocani, која се појави како одговор на трагичниот настан што неодамна го погоди овој град.

Оваа епизода ја посветуваме на приказната за тоа како започна SupportKocani.com, како една идеја прерасна во целосна мрежа на добрина, кои луѓе секојдневно се вклучуваат, и колку е навистина важно секое учество – без разлика дали е мало или големо.

Ќе слушнете и каква е реалната ситуација денес, повеќе од еден месец по трагедијата – како се справуваат луѓето, што им е најпотребно, и што значи да знаеш дека некој таму мисли на тебе, дури и кога не сте се сретнале никогаш.

📅 Новата епизода е веќе достапна на YouTube и Spotify каналите на KARIERA.mk.
Дозволете си време за оваа епизода – можеби ќе ве потсети колку многу значи човечноста.

Нова епизода од На Каде Одиме? со Ненад Вржалски (SupportKocani) - Во Кочани се чувствува болката на секое катче

Тагови: интервју поткаст трагична несреќа

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Тетово!

Најновите огласи за работа во Тетово!

Барате работа во Тетово? Проверете ги најновите огласи за вработување и најдете ја идеалната можност за вашиот кариерен напредок! Без разлика дали сте искусен професионалец или почетник кој бара прва работа, тука ќе најдете огласи што одговараат на вашите потреби и квалификации.

Придружете се на успешни компании и започнете ново поглавје во вашата кариера. Не чекајте! Аплицирајте веднаш и осигурете си посветла иднина.

Геодети со работно искуство - фаза изведба
Персонал за работа - Тетово
Комерцијалист - Тетово и Гостивар
Оператор за уплатно место во Тетово
Менаџер на Експозитура Тетово
Sales Representative in Tetovo
Асистент во продажба во Интерспорт Тетово
Визуелен аранжер - Тетово

Се уште сте во потрага по идеалното работно место?! Проверете ги сите останати огласи и аплицирајте ТУКА.

Промовирани огласи »

Природни лекови за регулирање на шеќерот во крвта

Природните решенија за справување со хронични состојби, како што е дијабетесот

Сѐ повеќе луѓе денес се свртуваат кон природните решенија за справување со хронични состојби, како што е дијабетесот. Природните лекови и намирници се покажуваат како поддршка во регулирањето на нивото на шеќер во крвта, без несакани ефекти што често ги носат синтетичките терапии. Иако тие не се замена за медицински третман, нивната вклученост во секојдневниот живот може значително да помогне во подобрување на општата состојба на организмот.


Циметот, на пример, е еден од најпознатите природни лекови што се поврзуваат со намалување на шеќерот во крвта. Истражувањата покажуваат дека редовната консумација на цимет може да ја подобри чувствителноста на инсулин, особено кај лицата со тип 2 дијабетес. Исто така, чаеви од ловоров лист, глуварче или жалфија имаат докажани својства за регулирање на гликозата, а некои од нив делуваат и како природни диуретици, што дополнително го поддржува телото во процесот на детоксикација.

Секако, клучно е овие природни средства да се користат во комбинација со здрав начин на исхрана и редовна физичка активност. Пред употреба, се препорачува консултација со лекар, особено ако лицето веќе зема медикаментозна терапија. Природата нуди моќни сојузници, но нивната ефективност најдобро доаѓа до израз кога се дел од целосен и одржлив начин на живот.

Тагови: здрава храна здравје

Промовирани огласи »

Вработување во Макстил!

Огласи за работа во Макстил!

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови. Како компанија која се стреми кон секојдневен успех и усовршување на своите производи константно е во потрага и усовршување на својот тим!

Моментално вработува:

Сениор специјалист за сметководство
Дигалкар
Машински техничар
Електричар

Се уште невработени?! Сите останати огласи за вработување можерте да ги најдете ТУКА.

Тагови: Макстил АД Скопје

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »