Промовирани огласи »

Кои се вашите права доколку работите ноќна смена - подолг годишен одмор и посебна заштита

Работодавачот, кој користи редовно работници за ноќна работа е должен да ја извести инспекцијата на трудот.

Како ноќна работа според Законот за работни односи се смета работењето во ноќно време и тоа во периодот  меѓу 22,00 часот и 6,00 часот наредниот ден. 

Работодавачот, кој користи редовно работници за ноќна работа е должен да ја извести инспекцијата на трудот. Од аспект на заштитата при работа, работата ноќе претставува тежок и неповолен услов за работа, и затоа тој претставува посебен услов за работа и како таков треба да биде утврден во договорот за вработување.

Работникот има посебни права кога работи ноќно време:

  • Работникот кој работи ноќе барем три часа од својата редовна дневна работна обврска, односно работникот кој одработува ноќе третина од полното работно време од својата годишна работна обврска, има право на посебна заштита за ноќна работа.
  • Ако на работник заради ноќна работа според мислење на лекарската комисија заради таквото работење би можела да му се влоши здравствената состојба, работодавачот е должен да го ангажира на соодветна работа дење.
  • Работодавачот, на негов трошок е должен на работниците кои работат ноќно време да им обезбеди:

1) подолг одмор;

2) соодветна храна;

3) стручно раководство на работниот, односно производниот процес и

4) лекарски прегледи, пред нивно ангажирање во ноќна работа и во редовни временски периоди утврдени со закон.

  • Ако работата се врши во смени, работодавачот е должен да обезбеди периодично менување на работниците.
  • Работодавачот не смее да го распореди на ноќна работа работникот на кој нема да му обезбеди услови за превоз до и од работа.
  • Работното време на работникот кој работи ноќе на работно место, каде што постојат поголеми опасности од повреди или здравствени оштетувања, не смее да трае повеќе од осум часа дневно.

Посебна заштита

Во контекст на правата на заштита при работата, работата ноќе се јавува и како услов за утврдување на правото на посебна заштита на одредени категории работници во текот на работата, пред се жените работници, повозрасните работници и работниците под 18 годишна возраст.

-Работничка од областа на индустријата и градежништвото не може да се распореди на работа ноќе ако работата во тоа време би оневозможила да оствари одмор од најмалку седум часа во времето меѓу 22,00 часот и 5,00 часот наредниот ден. Ова не се однесува на работничка која има посебни овластувања и одговорности или која врши работи на здравствена, социјална и друга заштита на работници.

  • Работникот кој сé уште не наполнил 18 години возраст не смее да работи ноќе меѓу 22,00 часот и 6,00 часот наредниот ден. По исклучок може да се одреди работникот кој сé уште не наполнил 18 години возраст да работи ноќе во случај на виша сила, кога таквата работа трае определено време и мора веднаш да биде извршена, а полнолетните работници не се на располагање.
  • На повозрасниот работник(од 57 години жени и 59 години мажи) работодавачот без согласност на работникот не смее да му одреди прекувремена или ноќна работа.

Казна

Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на работодавач – правно лице, ако ноќната работа ја организира спротивно на Законот за работни односи, односно не го извести инспекторот за воведување на ноќна работа;

Битен елемент во однос на погоре наведените права е да работникот претходно поднесе барање до работодавецот во врска со било кое право кога работникот работи ноќе. Доколку и во тој случај не се исполни правото се пристапува кон тужбено барање.

Тагови: ноќна смена работнички права

Промовирани огласи »

Како да ја смените кариерата во 3 чекори

Уморен си од својата работа? Еве како да ја смениш кариерата во само 3 чекори

Промената на кариерата може да изгледа застрашувачки, но не мора да биде. Без разлика дали сте незадоволни од сегашната работа, сакате повеќе баланс или едноставно ве влече нова професија, постојат јасни чекори кои ќе ви помогнат да направите паметен и успешен премин.

1. Размислете што навистина сакате

Запрашајте се: што ме прави среќен на работа? Што би правел/а дури и без плата? Направете листа на вашите вештини, интереси и вредности. Истражете ги професиите кои се поклопуваат со нив и разговарајте со луѓе кои веќе работат во тие области. Оваа фаза е за самоспознавање – клучна за правилен избор.

2. Подгответе се и надградете се

Откако ќе одлучите каде сакате да одите, идентификувајте што ви недостасува: дали е тоа нова квалификација, курс, пракса или мрежа на контакти? Не мора веднаш да се фрлите во новата професија – започнете со мали чекори: следете курсеви онлајн, волонтирајте или работете фриленс. Важно е да стекнете релевантно искуство.

3. Преземете акција и останете фокусирани

Изградете ново CV и профил на сајтови како KARIERA.mk. Почнете активно да аплицирате, поврзувајте се со професионалци од индустријата и присуствувајте на настани. Очекувајте отскокнувања – тие се дел од процесот. Клучот е упорноста и доследноста.

Промената не се случува преку ноќ, но со правилен пристап и трпение – можете да изградите кариера која ве исполнува.

Не заборавајте да прочитате и за: 4 причини зошто добрите вработени си заминуваат

Тагови: CV нова работа

Промовирани огласи »

Вработување во Уни Банка!

Погледнете ги сите огласи за вработување во Уни Банка!

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

Mенаџер за Корпоративна продажба
Бизнис администратор
Референт на фронт офис во експозитура - East Gate Mall Скопје
Референт на благајна - Експозитура East Gate Mall Скопје
Референт на фронт офис во експозитура - Берово

Се уште невработени?! Погледнете ги останатите огласи ТУКА.

Тагови: УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Од следниот месец стартуваат новите авиолинии до Лион и Барселона

Наскоро и лет на релацијата Скопје - Дубаи.

Генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт и Андраш Радо, раководител за комуникации во „Виз ер“ денеска на прес-конференција ќе информираат за новата авиолинија од Меѓународниот аеродром Скопје до Лион, како и за повторното воведување на летот од Скопје за Барселона, коишто според претходните најави, треба стартуваат на 3.ти следниот месец.

Според најавите, летови за Барселона ќе има двапати неделно, секој вторник и сабота, а за Лион трипати, секој вторник, четврток и сабота. Авиолиниите се реализираат со субвенции од Владата. „Виз ер“ согласно Договорот за финансиска поддршка, од 29 септември треба да ја воведе и авиолинијата Скопје - Штутгарт, која ќе ја опслужува три пати неделно, во понеделник, среда и петок, а од 27 март се опслужува линијата Охрид - Истанбул.

Со последниот повик за субвенционирани летови беше најавено дека повторно ќе има лет на релацијата Скопје - Дубаи и требаше да стартува на од 30 март, но „Флајдубаи“ побара нејзино пролонгирање за наесен.

Премиерот Христијан Мицкоски минатата недела на седница за пратенички прашања во информација за посетата на Обединетите Арапски Емирати рече дека се преговара за линија од Абу Даби до Охрид, а вицепремиерот Александар Николоски претходно соопшти дека се разгледуваат и можностите за авиолинија Скопје - Прага.

Тагови: Wizz Air авио сообраќај ТАВ Македонија Христијан Мицкоски

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »