Промовирани огласи »

За пет години 60 илјади млади ја напуштиле Македонија: 62% од младите размислуваат да се иселат, 77% од нив не планираат враќање

Најчести дестинации: Германија, Италија, Австрија и Чешка – земји што нудат подобри плати, стабилност и развојни можности.

Сѐ поголем број млади ја напуштаат Македонија во потрага по подобар живот надвор од границите на државата. И покрај постоењето на различни програми за младинско вработување и поддршка на стартапи, реалната слика покажува дека тие не се доволни за да ги задржат младите дома.

Според последните податоци на CEIC, младинската невработеност во декември 2024 година достигнала дури 32,3%. Ова ја става Македонија меѓу земјите со највисока невработеност во Европа, со двојно повисока стапка од просекот на Европската Унија. Според податоците на CEIC, младинската невработеност во земјата во декември 2024 година изнесувала 32,3%. Тоа ја позиционира Македонија меѓу водечките земји во Европа со највисока невработеност кај младите, речиси двојно повеќе од просекот на ЕУ (околу 15%).

Во споредба, младинската невработеност во: Бугарија - 13%, Албанија изнесува околу 20%, Косово - 34% (највисока во регионот), Србија – 24%, Босна и Херцеговина - 27%, Црна Гора - 28%, Хрватска - 17%

Паралелно, анкетата на Вестминстер фондацијата за демократија (WFD) открива дека 62% од младите во Македонија размислуваат да се иселат, а 77% од нив не планираат враќање. Ова се највисоки проценти во регионот, заедно со Косово и Албанија, каде процентот на потенцијални емигранти е над 60%.

Во изминатите пет години, од земјата заминале околу 60.000 млади лица, според податоците од Евростат и домашните институции. Најчести дестинации: Германија, Италија, Австрија и Чешка – земји што нудат подобри плати, стабилност и развојни можности.

Причините за оваа масовна емиграција се добро познати: недостаток на квалитетни работни места, ниски плати, ограничени можности за кариерен напредок, корупција и општа недоверба во институциите.

Тагови: Европска Унија Евростат ТАВ Македонија

Промовирани огласи »

Вработување во АУЕ ФОН Универзитет, Меѓународно училиште НОВА, Офис Плус!

Огласи за работа во Меѓународно училиште НОВА, АУЕ ФОН Универзитет, Офис Плус!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Универзитетот е автономна приватна непрофитна високоoбразовна и научна институција, основан во 2003 година како Факултет за општествени науки. Основач на првиот приватен универзитет во државата е господинот м-р Фијат Цаноски. Во 2007 година, со воведување на нови академски области, станува Прв приватен универзитет-ФОН.

Моментално вработува:

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ/КА

H&M е моден бренд кој нуди најнови стилови и инспирација, од модни парчиња и уникатни соработки со дизајнери, до основни артикли за облека по пристапни цени. Нашата бизнис идеја е мода и квалитет по одлична цена на одржлив начин.

Моментално вработува:

ВИЗУЕЛЕН АРАНЖЕР - ТЕТОВО
МЕНАЏЕР НА ПРОДАВНИЦА

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - ТЦ КАПИТОЛ МОЛ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - ТЦ РАМСТОР
ХАУС МАЈСТОР

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално вработува:

ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Fitness House е првиот специјализиран локал во градот кој ја спојува здравата исхрана со удобен амбиент и љубезна услуга по највисоки стандарди.

Моментално вработува:

ГОТВАЧ/КА - ЦЕНТАР
КЕЛНЕР/КА – ЦЕНТАР

Меѓународно училиште НОВА Скопје е разноврсна заедница со модерен образовен систем каде учениците и професорите доаѓаат од 40 различни земји. Нашето училиште е изборот на заедниците на странци и дипломати во Скопје, како и на локални семејства кои имаат глобален поглед на светот.

Моментално вработува:

ХИГИЕНИЧАР/КА

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

ЕУ со нови ограничувања за купување автомобили во кеш

Европската унија ги засилува напорите за борба против перење пари со воведување нови правила за готовински плаќања.

На почетокот на 2024 година, Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ постигнаа историски договор кој ќе донесе нови ограничувања за готовински плаќања. Од 2027 година, купувањето автомобили и други големи набавки во износ над 10.000 евра нема да може да се плаќа во готово. Целта на оваа мерка е да се спречи перењето пари и финансирањето терористички активности.

Важно е да се истакне дека ограничувањето ќе биде на сила само за правните лица, додека физичките лица ќе можат да продолжат со приватни трансакции во кеш над 10.000 евра. Овие нови регулативи истовремено воведуваат и обврска за идентификација при готовински плаќања над оваа сума, каде што личните податоци на купувачите ќе мора да се евидентираат од страна на трговците.

Иако Германија беше воздржана при гласањето на оваа регулатива, многу од земјите членки на ЕУ веќе имаат вакви ограничувања на национално ниво. На пример, границата за готовински плаќања варира од 500 евра во Грција до 15.000 евра во Хрватска. Останува да се види како новите правила ќе се имплементираат и какво влијание ќе имаат врз пазарот во Европската унија.

Тагови: автомобили Европска Унија Германија

Промовирани огласи »

Обединетите Арапски Емирати ги укинуваат визите за Македонија

Дубаи ги укинува визите за македонските граѓани


Премиерот Христијан Мицкоски објави дека Обединетите Арапски Емирати донеле одлука за укинување на визите за македонските државјани за патување во таа земја.
Ова е, како што напиша премиерот, прва мерка од страна на Емиратите по еднонеделната посета на владината делегација.


Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја!

Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство, објави премиерот на социјалните мрежи.

Тагови: визи Обединетите Арапски Емирати Христијан Мицкоски

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »