Сакаш да работиш со деца и да ја разбудиш нивната креативност?
Придружи се на тимот на Tinker Labs и биди дел од инспиративна средина каде учењето се претвора во истражување, игра и создавање.
За нас
Tinker Labs е современ едукативен центар кој работи со деца преку креативни и практични работилници базирани на STEAM пристап (наука, технологија, инженерство, уметност и математика) каде се поттикнува природната љубопитност кај децата преку учење низ игра, истражување и практични активности.
Наместо класично учење по предмети, децата кај нас учат преку реални проекти, експерименти и решавање проблеми, со цел да развијат креативно, логичко и критичко размислување.
Нашата мисија е да создадеме средина каде учењето е активно, забавно и инспиративно и каде секое дете има простор да истражува, создава и размислува како „мал иноватор“.
Кого бараме?
Доколку си личност која е комуникативна и трпелива, која сака да работи со деца, има креативен пристап и ужива во динамична средина - ова е вистинска можност за тебе.
Услови за работа
- флексибилно работно време
- хонорарна / part-time работа
- надоместок по договор
- работа во современа и креативна едукативна средина
- можност за долгорочна соработка и професионален развој
Локација Аеродром
ул. Матеја Матевски бр. 28 Џевахир, кула Д, кат 21, стан 201
За повеќе информации и аплицирање [најави се за да го видиш е-маилот]