Промовирани огласи »

Кој има помалку калории: оризот или компирот?

Разликата можеби ќе ве изненади

Кога станува збор за калориите, варениот компир има значително помалку калории од варениот ориз. Во 100 грама варен компир има околу 80–90 калории, додека 100 грама варен бел ориз има приближно 130 калории. Тоа го прави компирот интересен избор доколку сакате оброк со поголем волумен, а помалку калории.

Но, и оризот и компирот имаат свои предности. Оризот е добар извор на јаглехидрати и е особено практичен како дел од оброк кога на организмот му е потребна енергија. Компирот, пак, содржи калиум, витамин C, витамин B6 и растителни влакна, особено ако се јаде со кората.

На крајот, не постои едноставен победник начинот на подготовка е исто толку важен колку и самата намирница. Варен или печен компир без многу масло може да биде полесна калорична опција, додека пржен компир или ориз подготвен со многу масло можат значително да ја зголемат енергетската вредност на оброкот.

Тагови: здрава храна ориз компир хранливи матријали

Промовирани огласи »

Зошто компаниите треба да престанат да ги ставаат сите млади во ист кош

Не ги ставајте сите млади во ист кош: Еве зошто Gen Z не е една иста генерација!

Во последните години често слушаме што „сака Gen Z“ од работното место флексибилност, брза повратна информација, развој, технологија и подобар баланс меѓу приватниот и професионалниот живот. Но, постои еден проблем: Gen Z не е една единствена група со исти потреби, очекувања и амбиции.

Токму затоа, HR професионалците треба да бидат внимателни со генерализациите и наместо да прашуваат „Што сака Gen Z?“, да се фокусираат на тоа што му е потребно на конкретниот вработен.

1. Разликата меѓу 20 и 25 години е поголема отколку што изгледа

Двајца вработени може да припаѓаат на Gen Z, но да бидат во сосема различни животни фази. Еден можеби штотуку започнува со првата работа и сака да учи и стекнува искуство. Друг веќе има неколку години работно искуство и бара повисока позиција, поголема одговорност и подобра плата. Затоа истиот пристап кон сите млади вработени не секогаш функционира.

2. Не претпоставувајте што сакаат прашајте ги

Една од најголемите грешки во управувањето со луѓе е претпоставката дека знаеме што сака одредена генерација. Не секој млад вработен сака работа од дома. Не секој сака постојан фидбек. Не секој сака брзо унапредување. Некој можеби сака менторство, друг сака поголема автономија, а трет сака јасно дефинирани задачи и стабилност.

Најдобриот начин да дознаете што му треба на вработениот е едноставно да го прашате.

3. Кариерата не им се развива на сите со иста брзина

Некои млади сакаат брзо да напредуваат, додека други сакаат прво да изградат знаење и самодоверба. Затоа компаниите треба да размислуваат за различни патеки за развој, наместо автоматски да очекуваат сите млади вработени да имаат исти кариерни цели.

Персонализираниот пристап може да значи различни обуки, менторство, нови проекти или постепено преземање поголема одговорност.

4. Генерациските етикети можат да создадат погрешна слика

Кога за некого ќе кажеме дека е „типичен Gen Z“, ризикуваме да го гледаме преку стереотип наместо како индивидуална личност. Таквите генерализации можат да влијаат и врз начинот на кој менаџерите комуницираат со вработените, им доделуваат задачи или ги проценуваат нивните способности.

Генерацијата може да даде контекст, но не треба да биде етикета.

5. Она што функционира за еден млад вработен, можеби нема да функционира за друг

HR стратегијата не треба да се гради само околу генерациските карактеристики. Многу поважно е да се земат предвид индивидуалните потреби, искуството, позицијата, личните амбиции и фазата во која се наоѓа вработениот.

Наместо универзален пристап, компаниите треба да создаваат флексибилна работна средина во која различните луѓе можат да успеат на различни начини.

На крајот, луѓето се повеќе од својата генерација

Gen Z носи нови очекувања и перспективи на работното место, но нема едно правило кое важи за сите нејзини членови. Добриот HR пристап не е да научиме листа со „карактеристики на Gen Z“, туку да научиме како да ги слушаме луѓето пред нас.

Затоа, наместо да прашуваме: „Како да управуваме со Gen Z?“, можеби вистинското прашање е: „Како да создадеме работна средина во која секој вработен без оглед на генерацијата ќе може да го даде својот максимум?“

Прочитајте и за: HR тренд: Медијацијата може да спречи скапи конфликти на работното место

Тагови: HR трендови генерација Z

Промовирани огласи »

Зегин, Офис Плус, Клиничка болница Жан Митрев и многу други вработуваат!

Огласи за работа во Зегин, Офис Плус, Клиничка болница Жан Митрев!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Леар Корпорација е компанијатакоја се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта во ТИРЗ - Тетово.

Моментално вработува:

Процес техничар
Cost Estimation Engineer
Магационер

Клиничката болница Жан Митрев, на самиот почеток именувана како Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ ги постави темелите на современите медицински услуги во 1999 година, по адаптирањето и реновирањето на еден изнајмен дел од Воена болница во Скопје.

Моменталнои ваработува:

Фармацевтски техничар
Медицинска сестра за оддел за интензивна нега и полуинтензивна нега
Радиолошки технолог - Битола

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема.

Моментално вработува:

Продажни референти - КАМ Центар Кисела Вода
Продажен референт - Кавадарци

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Тиго Фајнанс ДОО е една од водечките компании во индустријата на финансиски услуги во Македонија, посветена на обезбедување на едноставни и одговорни финансиски решенија за своите клиенти. 

Моментално ваработува:

Експерт за електронска продажба
Експерт за кредитирање во филијали Скопје

Алма-М е силна и современо организирана дистрибутивна компанија со над 30 години искуство, со силен логистички капацитет, технолошка поддршка, богат асортиман и национално и регионално присуство.

Моментално вработува:

Деловен партнер за човечки ресурси

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Calzedonia бутик за долна облека е долгогодишен италијански бренд кој што и го дава името на групацијата CALZEDONIA SPA, која ја претставува суштината и наследството на компанијата. 

Моментално вработува:

Асистент за продажба - City Mall
Асистент за продажба - East Gate

КАМ е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија. КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: висок квалитет по ниски цени.

Сите огласи од Кам можете да ги најдете ТУКА.

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи на Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Павел Палазов: Од студентска идеја до платформа за реалните трошоци во Македонија

Кирија, храна, сметки и автомобил: Павел Палазов пресметува колку навистина трошиме

Кој е Павел? Кажи ни нешто повеќе за себе.

Јас сум Павел Палазов, имам 19 години и моментално студирам компјутерски науки.

Отсекогаш сум сакал да правам нешто свое, особено ако преку технологија можам да решам некој реален проблем. Па така, „Колку Чини“ е веб-платформа на која навистина посветив многу време, затоа што не сакав да остане само идеја или нешто што ќе го направам за вежбање. Сакав да биде вистинска платформа што луѓето ќе можат да ја користат.

Како се роди идејата за „Колку Чини“ и што те натера да создадеш платформа која ги собира реалните трошоци за живот во Македонија?

Идејата почна од едно многу едноставно прашање: „Колку всушност чини било што во Македонија?“

Кога ќе пробаш да дознаеш колку пари му се потребни на еден човек месечно, колку би го чинело да живее сам, да има автомобил или да оди на одмор, многу брзо сфаќаш дека информациите се на сто различни места. Дел се застарени, дел се премногу општи, а многу од нив воопшто не се направени конкретно за Македонија.

Тогаш си реков: зошто да нема едно место каде што ќе можеш да внесеш што те интересира и веднаш да добиеш реална пресметка?

Така започнав да ја правам страницата. Прво идејата беше многу поедноставна, а потоа постојано додавав нови работи и платформата прерасна во нешто многу поголемо од тоа што првично го замислував.

Што точно може да пресмета еден корисник на „Колку Чини“ (Kolku Cini) — реални трошоци за Македонија и како функционира платформата?

Целта е корисникот да не мора самиот да собира цени од десет различни места и после да пресметува сè рачно.

На „Колку Чини“ може да пресмета трошоци за живот, кирија, храна, сметки, гориво, автомобил, одмор и други секојдневни трошоци.

На пример, може да избере каков начин на живот има и да види приближно колку би му бил месечниот буџет, или да пресмета колку би го чинел одмор за одредена држава, број на денови и начин на патување.

Мене ми беше важно бројките да не бидат само ставени таму без објаснување. Затоа платформата користи извори зад податоците, а дел од цените редовно се ажурираат.

Дали платформата е наменета само за млади и студенти или може да им биде корисна и на семејства, вработени и луѓе кои планираат преселба?

Воопшто не е само за студенти.

Студентите и младите се можеби најочигледната група, затоа што токму тогаш првпат почнуваш да размислуваш за кирија, храна, сметки и буџет. Но истата информација, според сегашните анализи, им е покорисна на повозрасните што работат, на пар, на семејство или на човек што планира да се пресели.

Некој ќе ја отвори страницата затоа што сака да види колку би го чинело да живее сам, друг затоа што сака да провери колку реално му троши автомобилот, а трет затоа што планира одмор.

Сакам платформата да биде корисна без разлика во која животна ситуација се наоѓа корисникот.

Дали додека работеше на проектот и самиот се изненади од некои цени или пресметки?

Да, и тоа многу.

Најмногу ме изненади колку лесно потценуваме колку трошиме. Ако гледаш само една работа, на пример, гориво или сметка за струја, не изгледа страшно. Но кога ќе ги собереш киријата, храната, сметките, превозот, автомобилот и сите оние помали трошоци што ги правиме без многу размислување, сумата станува сосема друга.

Токму затоа ми се допаѓа идејата на веб-сајтот, бидејќи не ти покажува само една цена, туку ти помага да ја видиш целата слика.

Кои трошоци најмногу ги изненадија луѓето откако почнаа да ја користат платформата?

Од тоа што можам да го забележам, најголема реакција има кога луѓето ќе го видат вкупниот износ.

Повеќето од нас отприлика знаеме колку плаќаме кирија или колку ни е една сметка, но ретко седнуваме да пресметаме колку нè чини целиот месец.

Интерес има и за автомобилите и одморите, затоа што таму често размислуваме само за главниот трошок. Кај автомобилот тоа е горивото, а кај одморот можеби хотелот или авионот, но во реалноста има уште многу други работи што влегуваат во конечната сума.

Како реагираа луѓето кога првпат им ја покажа платформата? Дали имаш добиено некој коментар или сугестија што особено ти останала во сеќавање?

Најубавиот момент за мене беше кога престана да биде само нешто што јас го отворам и тестирам, и почнав да гледам дека вистински луѓе влегуваат и ја користат платформата.

Особено по објавата на Fakulteti.mk видов значителен пораст на посетители. Тогаш првпат баш почувствував дека проектот стигнува до луѓе кои воопшто не ме познаваат мене лично, туку влегле затоа што самата идеја им била интересна.

Исто така, многу ми значат и критиките и предлозите. Не гледам на нив како нешто негативно. Ако некој ми каже дека нешто е збунувачко или дека недостига некоја корисна опција, тоа ми дава идеја како платформата да стане подобра.

Каде ја гледаш „Колку Чини“ за една година? Што би сакал да може да прави платформата што денес сè уште не може?

Би сакал за една година, кога некој во Македонија ќе се запраша „колку чини ова?“, една од првите работи што ќе му паднат на памет да биде „Колку Чини“.

Не ми е цел само да има што повеќе функции. Сакам тие што ќе ги има да бидат навистина корисни и точни.

Би сакал да има уште подобра покриеност за различни градови, повеќе автоматски ажурирани цени, подобри споредби и уште повеќе калкулатори за реални ситуации со кои луѓето секојдневно се среќаваат.

Имам уште многу идеи, но сакам да ги воведувам постепено и да не ја претворам страницата во нешто комплицирано. Најважно ми е човек да ја отвори и за неколку секунди да разбере што треба да направи.

Што би им порачал на други млади луѓе кои имаат идеја за проект, но се двоумат дали да започнат да ја реализираат?

Да почнат пред да мислат дека се целосно подготвени.

Ако чекаш да знаеш сè, да имаш совршен план и совршени услови, најверојатно никогаш нема да почнеш.

Кога почнав со „Колку Чини“, платформата не изгледаше ни приближно како денес. Имаше работи што не функционираа добро, имаше идеи што ги сменив, имаше моменти кога нешто што мислев дека е добро на крај мораше целосно да го преработам.

Но токму така научив најмногу.

Мислам дека подобро е да направиш нешто несовршено и да го подобруваш, отколку со месеци да ја чуваш совршената идеја само во глава, за на крај друг да ја земе.

Тагови: автомобил сметка трошоци храна Колку Чини Павел Палазов

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »