ЕСИ лого

Проектант-Eлектроинженер

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

Приватната агенција за вработување (ЕСИ), за вработување кај наш реномиран клиент чија главна дејност е изработка на проекти за осветлување и електротехнички проекти, увоз и продажба на опрема за осветлување има потреба од:

ПРОЕКТАНТ-ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР (реон Скопје)

ЗАДАЧИ:

  • Изработува проекти за осветлување и управување на осветлувањето;
  • Изработува електротехнички проекти и проекти на изведената ситуација;
  • Изработува спецификации за продажба на светлосна опрема и опрема за управување на осветлувањето;
  • Извршува програмирање на управувањето на светлосната опрема во објекти каде е испорачана опремата;
  • Комуницира со сите домашни и странски добавувачи од аспект на техничките прашања;
  • Комуницира со потенцијални и редовни клиенти од аспект на техничките прашања;
  • Ги следи залихите на светлосна опрема и опрема за управување и по потреба врши испорака на опремата до објект на инвеститорот;
  • Ги следи сите законски регултативи и промени на истите од областа на своите одговорности;
  • Ги следи сите технички новости во областа на изработка на електротехнички проекти;
  • Ги следи сите современи трендови од областа на осветлувањето и управувањето на истото;
  • Посетува семинари и саеми од областа;

БАРАМЕ:

  • Завршено ВСС-Електротехнички факултет;
  • Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност, но не е задолжително;
  • Познавања од областа на изработка електротехнички проекти, афинитет према програмирање;
  • Пожелно но не и задолжително основно познавање на компјутерски мрежи;
  • Одлично владеење на Microsoft Office пакетот e задолжително;
  • Напредно работење во Microsoft Excel ќе се смета за предност.

 

 

НУДИМЕ:

  • Работно време: од понеделник до петок, 09.00-17.00 часот;
  • Платена обука во времетраење од 3 месеци;
  • Договор на определено време со можност за неопределено;
  • Редовен годишен бонус.

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.

Апликацијата на која не е наведено работното место нема да се земе во предвид.

Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата дата база со можност за повикување на идни соодветни огласи.

Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »