Цел на работното место
Координирање на активности поврзани со аквизиција, документација и легализација на инфраструктурни објекти.
Барања за работното место
- Универзитетска диплома од областа на инженерство, право или архитектура.
- Најмалку 2 години работно искуство во: преговарање договори; примена на релевантни закони; релевантни правни постапки поврзани со аквизиција и легализација на локации..
- Изразени аналитички и преговарачки способности.
- Одлично и ажурирано познавање на применливите закони, подзаконски акти и оперативни процедури поврзани со инфраструктурни објекти и локации.
- Познавање на сопственичко-правните односи, катастарските постапки и документацијата поврзана со недвижен имот.
- Познавање на постапките за добивање дозволи и одобренија, како и постапките за легализација на инфраструктурни објекти.
- Одлични комуникациски и координативни способности.
- Течно познавање на англиски јазик, и писмено и усно.
- Познавање и користење на MS Office.
- Способност за решавање проблеми.
- Проактивна, иницијативна и љубезна личност.
Главни одговорности и задачи
- Одговорност за аквизиција на нови локации, согласно плановите, стратегијата и буџетот на компанијата.
- Преговарање со сопственици/закуподавачи за склучување договори за аквизиција на нови локации за поставување опрема на компанијата, со цел да се обезбеди дека нема зголемување на трошоците и закупнините за локациите.
- Следење на договорите и преговарање за нивно продолжување или изменување за постојните локации, вклучително и постапување по евентуални барања од сопствениците во текот на користењето на локацијата.
- Координирање/олеснување на сите активности со релевантните државни органи — општински, локални и/или државни институции — и со надворешни компании во процесите на легализација на нови/постојни локации и линиска инфраструктура.
- Координирање на процесите со ангажираните подизведувачи за наведените активности.Следење на македонското законодавство поврзано со аквизицијата и легализацијата на локации и информирање на релевантните оддели во компанијата за сите законски измени што влијаат врз работењето на компанијата.
- Одговорност за воспоставување нови и ревидирање на постојните процедури во компанијата, со цел обезбедување ефикасност при аквизицијата и легализацијата на локациите.
- Активно учество во владини иницијативи поврзани со измени на законската регулатива.
- Извршување на сите други работни/деловни задачи побарани од директниот претпоставен, кога е потребно.
- Спроведување и/или координирање на проверката на правниот статус и статусот на сопственост на потенцијалните локации пред склучување на договор.
- Проверување на комплетноста и валидноста на документацијата поврзана со сопственоста, користењето и легализацијата на локациите.
- Соработка со Правниот, Финансискиот, Техничкиот и другите релевантни оддели со цел навремено и координирано извршување на активностите.
- Следење и координирање на катастарски и други административни постапки поврзани со локациите и инфраструктурните објекти.
Индикатори за успешност
- Број на успешно договорени/преговарани нови договори.
- Број на повторно преговарани договори без зголемување на закупнината.
- Процент на легализирани локации.
- Просечно време потребно за документација и легализација на RT & GF локации.
Опрема
- Стандардна канцелариска опрема.
- Службено возило кога е потребно за посета на локации на компанијата..
Посебни услови за работа
- Работа на терен, кога тоа е потребно.
- Користење на корпоративни системи и алатки, како што се OneSAP, Ivalua, SiteTracker и други.
Слични огласи »