Плата од 50.000 ден. до 80.000 ден.
За компанијата:
Доорс Импекс ДООЕЛ, со седиште гр. Скопје врши продажба и монтажа на гаражни и противпожарни врати, специјални врати, автоматизација за гаражни и метални врати, бариери и додатоци за нив, како и индустриски производи, и тоа сегментни врати, хидраулични товарни рампи и мостови, брзи врати.
повеќе за компанијата »Поради проширување на нашиот тим, бараме одговорна, комуникативна и технички ориентирана личност, која ќе биде клучна врска помеѓу клиентите, монтажните екипи, продажниот тим и раководството на компанијата.
Оваа е диманична позиција која комбинира технички мерења, Site Management, комуникација со клиенти и раководење со монтажните екипи, со одговорност за процесот од земање мерки до успешно завршена монтажа.
Главни задачи и одговорности
- Прецизно земање мерки на објект за гаражни, индустриски и противпожарни врати, автоматика и други производи од нашата програма, дефинирање на соодветното техничко решение.
- Читање на технички проекти и проверка на подготвеноста на објектот за монтажа
- Професионална комуникација и советување на клиентите, со цел градење доверба и успешно реализирање на продажбата
- Планирање, организација и координација на монтажите и монтажните екипи
- Техничка координација на објект (Site Management) со инвеститори, изведувачи и останати учесници во проектот
- Контрола на квалитетот, роковите и правилното извршување на монтажите
- Следење на KPI и резултатите на монтажните екипи и редовно известување до претпоставениот
Потребни квалификации и вештини
- Способност за читање и разбирање на технички цртежи, планови и проекти
- Способност за изработка на основни технички скици и цртежи
- Добри комуникациски и организациски способности и професионален однос со клиенти
- Способност за раководење, координација на луѓе и донесување одлуки на терен
- Основна компјутерска писменост и способност за водење евиденција и извештаи
- Возачка дозвола Б категорија
- Предност имаат кандидати со завршено инженерско или друго техничко образование
- Искуство во градежништво, работа на градилиште, монтажа или соработка со изведувачи и инвеститори се смета за значителна предност
- Познавање на AutoCAD или слични програми за техничко цртање се смета за предност
Претходно искуство со гаражни, индустриски или противпожарни врати не е задолжително.
Добредојдени се и млади инженери и дипломирани техничари – компанијата обезбедува целосна обука за производите, земањето мерки, монтажните системи и специфичностите на работата.
Нудиме
- Работа во стабилна и растечка компанија
- Одговорна позиција со можност за професионален и менаџерски развој
- Целосна обука за производите и начинот на работа
- Фиксна плата + систем на бонуси поврзан со резултатите и KPI
- Годишен одмор – 21 работен ден
- Возило за службени патувања , лаптоп и телефон
- Пријатна работна средина и тимска поддршка
Доколку се препознавате во овој опис и сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ја Вашата биографија (CV), кратко мотивационо писмо и контакт информации на:
E-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Теl.: 078 365 676.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Слични огласи »