За компанијата:
Чезакомерц е приватна фамилијарна компанија, формирана во 1990 година во Скопје. Основна дејност на компанијата е трговија и производство со јаткасти плодови, сушени овошја, семиња, зачини, масти, масла,... повеќе за компанијата »
Лиценциран шпедитер, сектор Логистички услуги
Опис на работната позиција:
- Царинење на роба во согласност со политиката и принципите на компанијата и важечкиот царински закон
- Прием на документација за сместување на камиони во царински магацин, извозно и увозно царинење на роба врз основа на генерални и конкретни налози од страна на Секторот за планирање на залиха или Менаџерот за Дивизија и договорни клиенти
- Следење на царински и надворешно трговски прописи
- Соработка со царински испостави, инспекциски служби и клиенти
- Присуство за време на царински преглед на роба
- Останати задачи доделени од претпоставениот
Што очекуваме?
- Основни услови: минимум ССС, лиценца за царинско застапување, работно искуство на иста позиција минимум 3 години, одлично познавање на EXIM, одлично познавање на Microsoft Office, одлично познавање на Англиски јазик
- Корпоративни компетенци: Професионалност, тимска работа, посветеност, иницијатива, способност за решавање на проблеми, организираност, комуникативност
- Општи компетенци: Задолжително поседување на возачка дозвола - Б категорија
Вашата професионална биографија (CV) испратете го на: [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака “За работно место лиценциран шпедитер”.
Слични огласи »