
За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна...
повеќе за компанијата »ЗЕГИН Ортопедик е во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
Поради проширување на својот тим, имаме потреба од: Комерцијалист за ортопедски помагала за регион: Кавадарци, Неготино и Струмица.
Потребни квалификации:
- Да поседува диплома од медицинска насока (средно или факултет)
- Пожелно е познавање на англиски јазик,
- Одлично познавање на MS Windows и MS Office,
- Положен возачки испит (Б категорија) и активно возење.
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 3 години и Висока Стручна Спрема ќе се смета за предност.
Потребни вештини и способности:
- Поседување комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
- Претприемачки дух, стручна компетентност
- Справување со работа под притисок, исполнување на таргети.
- Професионален и позитивен однос
- Флексибилност за работа во динамична атмосфера
- Способност за тимска работа
Што нудиме:
- Основна нето плата по договор
- Работниот однос се заснова на определено време 3 (три) месеци со можност за продолжување на договор за работа
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака „Комерцијалист за ортопедски помагала“ на [најави се за да го видиш е-маилот] .
Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.
Слични огласи »