Бараме Советник за пензиско осигурување (2 позиции).
Во Сава пензиско веруваме дека најдобрите резултати се создаваат преку доверба, знаење и грижа за луѓето и затоа бараме професионалец кој знае да гради долгорочни односи со клиенти, да мотивира тимови и да препознава нови можности за раст.
Советник за пензиско осигурување
Вашата улога
- Водење и поддршка на продажни тимови.
- Развивање на нови продажни канали и деловни партнерства.
- Градење и одржување односи со клучни клиенти.
- Организирање состаноци, презентации и едукативни активности.
- Грижа за членовите на пензиските фондови и промоција на придобивките од пензиското осигурување.
- Подготовка на извештаи и учество во реализација на комерцијалните цели на друштвото.
Кого бараме?
- Најмалку 1 години искуство во продажба и/или водење и координација на тимови.
- Одлични комуникациски и организациски способности.
- Познавање на MS Office.
- Возачка дозвола Б категорија.
- Мотивирана и проактивна личност ориентирана кон резултати.
Што нудиме?
- Професионална и пријатна работна средина
- Редовен професионален и личен развој
- Конкурентна фиксна плата и стимулативен варијабилен дел
- Поддршка за спортски активности (спорт мастер)
- Приватно здравствено осигурување
- Регрес за годишен одмор и новогодишен надомест
- Работно време од понеделник до петок (08:00 – 16:00)
- Поддршка за стекнување потребни лиценци и знаења
За да аплицирате за доставете ја вашата лична биографија и писмо за интерес од кои се гледа дека ги исполнувате потребните улови и квалификации доставете ги во заштитена форма на следната адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 31.10.2026 година.
Само кандидатите за кои ќе се утврди дека ги исполнуваат критериумите ќе бидат повикани на интервју. Процесот на избор на кандидати ќе заврши заклучно со 30.11.2026 година. Друштвото го задржува правото да не ангажира ниту еден кандидат кој се пријавил на конкурсот.
Друштвото ќе постапи со пристигнатите пријави во согласност со Законот за заштита на личните податоци. За дополнителни прашања, можете да стапите во директен контакт со Сава пензиско друштво а.д. Скопје, со седиште на ул. Димче Мирчев бр.20, Скопје, на електронска адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] или на тел. 15 500.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk